Дом и семејство
Прв пат јавно си ја отвори душата: Карлеуша откри каде живее Душко, ОВА НИКОГАШ НЕМА ДА СИ ГО ПРОСТИ
Тие се уште се во брак...
На самиот почеток на 2022 година во јавноста одекна веста за несогласувањата кои ги имаат Душко и Јелена.
Наместо Божиќ да го слават во мир, љубов и радост, Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се најдоа на насловните страници низ регионот, а поводот е спротивен од она што го наложува духот на празникот.
Душко наводно и удрил шлаканица на Јелена на празничната трпеза во семејната вила на Дедиње, за што му беше изречена 48-часовна забрана за приближување. Јелена во текот на сите месеци од минатата година не се изјасни ниту за бракот, ниту за проблемите во него. Сликите со Душко веќе не ги објавува на својот Инстаграм профил, а многу ретко го споменува.
Во новогодишното интервју за телевизија Курир, на самиот крај на 2022 година, Јелена си ја отвори душата и искрено проговори за својот брак.
– Не сме разведени, се уште живееме во четири ѕида, а времето ќе покаже се повеќе од тоа. Во 2023 година би сакала Душко да го промени начинот на размислување, почитувајќи ја и сакајќи ја мајката на своите деца – признала ЈК и додала:
– Верувам дека сè уште сме во брак бидејќи јас како дете на разведени родители секогаш се плашев од колапс и распад на семејството. Би го доживеала тоа како неуспех. Поради Атина и Ника, сакам да имаат чувство за заедница и семејство што е можно подолго, бидејќи тоа е многу важно. За жал, Душко го нема тој порив и чувство во себе, откри Јелена.
Имено таа не крие дека секогаш патела поради тоа што е дете на разведени родители па една од причините поради која не се одлучи за развод е токму тоа Атина и Ника да не бидат деца на разведени родители.
-Ме изнервира Душко Тошиќ, па морав да го казнам со еден пост, но не се разведовме. На хартија, не се разведовме и се уште живееме во иста куќа. Oдносот е специфичен, не знам како да се изразам без пак да ми се јави неговиот адвокат. Жално е што дури и го спомнувам неговиот адвокат, но ќе кажам една голема вистина и ќе ставам точка. Животот на Душко нема смисла без мене. Тоа е една голема вистина. Тој не постои без мене. Сè уште живееме многу убаво со нашите деца во нашите четири ѕида. Мама и тато не функционираат. Ова е тажната приказна на секој втор брачен пар во Србија. Бракот како институција пропаѓа пред се поради машкото непочитување кон жената, тоа за жал е голема вистина – рече Карлеуша.
– Кога станува збор за таткото, тоа е фигура која мора да постои. Тоа е една од причините зошто мојот брак со Душко трае и опстојува. Не сакам моите деца да бидат деца на разведени родители – изјави Јелена Карлеуша.