Кафе муабет
Ќерката на Здравко Чолиќ направи хаос на социјалните мрежи: Сите зборуваат за новогодишниот фустан на Уна
Порасна во вистинска убавица...
Уна Чолиќ, постарата ќерка на Здравко Чолиќ порасна во вистинска убавица. Таа е многу активна на социјалните мрежи а сега повторно ги воодушеви следбениците со својот празничен стајлинг.
Оваа девојка веќе некое време привлекува внимание со смелите изданија, кои дел од корисниците на социјалните мрежи ги критикуваа.
Овој пат Уна позираше во црн краток фустан. Целиот изглед го комплетираше со едноставна фризура и нагласена шминка. Судејќи според описот, Уна го избрала овој аутфит за новогодишната ноќ.
Инаку, Здравко повеќе од две децении е во хармоничен брак со Александра, која ретко се појавува во јавноста. Двајцата ја имаат и 16-годишната ќерка Лара.
Ќерките на Здравко, Уна и Лара пораснаа, се повеќе ги има на социјалните мрежи, особено Уна е многу активна на Инстаграм.
– Уна го сака тоа, друштвена е, комуникативна и веројатно и значи, за разлика од мене. Сите имавме свои фантазии во тие години, а сега таа ера на технологија е нешто што им одговара, па не се мешам, призна тој. Тој вели дека го прифаќа тоа.
„Сите татковци се слаби на својата ќерка, па така и јас“, рече тој.
Постарата ќерка на познатиот пејач моментално е една од најпознатите девојки на Инстаграм од овие простори. Што и да објави, предизвикува големо внимание, а медиумите тоа постојано го пренесуваат.
Таа им е инспирација на многу девојки од нејзината генерација, а нејзините модни комбинации постојано се коментираат.
Имено таа не ретко објавува скокотливи фотки, а нејзиниот татко за ова нејзино „хоби“ во една пригода ќе изјави:
„Најверојатно нема да се занимава со јавна работа, студира нешто што утре би можело да и се најде околу некој бизнис. Мислам дека не е во тој јавен свет. На сите млади девојки им годи малку да се фотографираат така., без разлика што во суштина тие не се такви“, изјави Чолиќ.
Чолиќ не крие дека многу е приврзан за своите ќерки Уна и Лара и дека знае да биде попустлив бидејќи е слаб на нив.
Чолиќ вели дека сопругата секогаш го критикува бидејќи не е доволно присутен во воспитувањето и дека тоа го прифаќа како критика, но дека сепак се грижи. Откри и дека е многу понежен кон ќерките отколку сопругата, пренесуваат хрватските медиуми.
– Па, тие ме сакаат и ме слушаат, можам да кажам. Мама мораат, но јас сум секогаш малку сомнителен… секогаш сум малку попопустлив, тато е секогаш малку подарежлив, но секако, се грижам, како што се грижат сите татковци, сепак, секој има своја работа, така што поинаку можете да ги гледате работите кога децата ќе пораснат, понекогаш се чудиш како сето тоа се случува преку ноќ, па засега е тоа што е, ја прифаќам секоја критика, но загрижен сум, тоа е најважно – рече Чолиќ.
– Тешко е да се бориш со медиумите, иако немам лоши искуства со медиумите, не сум во некој голем проблем, понекогаш знае да биде малку зајадливо па не можеш ништо да направиш, но кога се децата во прашање тогаш можеби малку реагираш и така натаму. Не се криви што татко им се занимава со јавна работа, па секогаш се „ќерки на Здравко Чолиќ…“ додека не напреднат уште малку, додека не пораснат. Така што таму мора да реагирате, а на останатото навикнав, нема ништо што може да ме исфрли од колосек- призна Чолиќ.