Кафе муабет
Ќерката на Јохан и на Соња Тарчуловски е нова ѕвезда на Гранд – МЕЛАНИ ГИ ОСВОИ СИТЕ СО ОВОЈ НАСТАП
Мелани Тарчуловска е новата ѕвезда на Гранд...
Некогашната популарна пејачка чии хитови до ден денес се пеат, Соња Тарчуловска е 17 години во брак со македонскиот бранител и политичар Јохан Тарчуловски. Нивното најголемо богатство, круната на нивната љубов, се нивните три деца, Мелани, Младен и Јоана.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
И Јохан и Соња се горди родители, кои често знаат и да се пофалат со успесите на нивните деца.
„Мелани е добра пејачка и глумица, балерина и ученичка. Младен дефинитивно го сака спортот и е многу интелигентно дете“, изјави пејачката во едно свое интервју.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
Познатата фолк-пејачка по осум години пауза, најави враќање на музичката сцена. Низ интересна приказна, во интервју за Женски магазин Соња раскажува за нејзиниот живот во овој период, за сопругот Јохан и за тоа како го изненадила кога решила повторно да запее. Соња вели дека кога за првпат ја слушнала песната од ќерката, заплакала и си рекла дека сега е вистинскиот момент да ја испее.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
Мелани Тарчуловска, ќерката на Соња и на Јохан во интервју за Хаштаг изјави дека со нејзиниот настап на фестивалот ,,Макфест’’ направила свежа промена на нашата поп сцена.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
Во интервјуто Мелани искрено зборува за тешкиот период од нејзиното детство, за својата љубов кон музиката, за периодот кога татко и Јохан беше на издржување на затворската казна во Хаг во Холандија.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
„Со оглед на тоа дека Макфест е еден од најгледаните фестивали на нашите простори, сметав ека годинава е вистинскиот момент за да направам свежа промена на нашата сцена со мојот нов сингл „CON EL DIABLO”. И оваа година се претставив со проект зад кој стојам исклучиво ЈАС, од текстот па сè до аранжманот. А што се однесува до настапот бев и возбудена и со малку трема што е сосема океј, но кога видов како публиката ја пее мојата песна, притоа тогаш не беше објавена на мојот „YT“ канал, заборавив на сè “ – раскажува Мелани за Хаштаг.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
„Моите родители како и секој родител ме подржуваат во секоја моја одлука. Тие беа мојата најголема поддршка за време на настапот во Штип“ – кажа таа за Јохан и за Соња Тарчуловски.
За себе вели дека е четврта година во музичкото училиште во Скопје и таму се докажува во нејзината професија.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
Скромна сум и посветена на своите приоритети – вели за Хаштаг Мелани Тарчуловска и порачува да ја слушаме нејзината нова песна ,,CON EL DIABLO” која е официјално поставена на YouTube.
17-годишната Мелани неодамна се претстави и како нова ѕвезда во српското шоу Ѕвезздите на Гранд.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
Таа се претстави пред жирито и публиката со изведба на песните „Пожели среќу другима“ и „Тажна љубов среќна песна“.
И покрај тремата Мелани успеаа да ги освои членовите на жири – комисијата од кои доби дури 5 гласа.
За свој ментор Мелани го избра Ѓорѓе Давид.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
Саша Поповиќ во еден момент ја праша дали го познава Ѓорѓе од порано и зошто го избрала него.
„Никој не го избра вечерва“ – го насмеа Мелани целото студио со својот искрен одговор.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска