Кафе муабет
Се бореше со депресија, партнерот ја остави кога беше бремена, се обиде да се сaмoубиe па заврши на психијатрија: Тажната животна приказна на омилената турска актерка
Денеска е посреќна од било кога...
Познатата актерка која на овие простори се прослави со улогата на Хурем во популарната турска серија „Сулејман Величествениот“ денес може да се пофали со одлична кариера и деловен успех а пред се со хармоничен живот за кој и требаше доста време.
Имено по сите неубави случувања кои ја снајдоа, таа конечно е среќна и задоволна покрај својот партнер и двете ќеркички.
Иако улогата на Хурем и донесе светска популарност, Мерјем сепак ја напушти серијата и замина во родната Германија, поточно Берлин.
Многумина беа прилично изненадени од нејзината одлука, а продуцентот на серијата Тимур Савџи во една емисија изјави дека главната причина е тоа што актерката боледувала од психолошко пореметување познато како „синдром на прегорување“ и не можела повеќе да го издржи напорното снимање.
Симптомите на овој синдром се безволност, замор и недостаток на ентузијазам, а со текот на времето се се претвори во хроничен стрес пропратен со несоница, главоболка, намален имунитет, висок крвен притисок, депресија, напади на паника и нарушена концентрација. Откако го почувствува сето ова, актерката реши да го напушти проектот.
Како што објавија медиумите, актерката наводно имала проблеми со килограмите за време на снимањето на оваа серија поради што се чувствувала лошо и имала проблеми со самодовербата.
Токму кога решила да си го среди животот пристигна нов удар. Имено, нејзиниот 17-години постар партнер, претприемачот Џан Атеш, ја оставил кога дознал дека актерката е во бремена.
Медиумите тогаш на големо пишуваа дека поради тоа Мерјем доживеала нервен слом, по што се обидела да се самоу-бие скокајќи од балконот, но за среќа се здобила само со полесни повреди. После тоа била сместена во психијатриска болница во Германија.
Подоцна ја роди ќерката Лара Жемина на која целосно и се посвети и во неа најде нова смисла во животот.
Актерката денес живее хармоничен живот и е опкружена со многу љубов а тоа може да го аклучиме и по фотографиите кои ги споделува.
Таа живее во Берлин, каде започнала нов бизнис и отворила продавница за слатки, и нашла и нова љубов.
Таа во јануари минатата година ја роди втората ќерка Лили Кои, но овој пат го сокри идентитетот на таткото на девојчето.
Мерјем е активна на социјалните мрежи а од нејзините фотографии може да се види дека е драстично ослабена па сега конечно е среќна и задоволна од своето тело.
Многумина коментираат дека изгледа прилично среќно и задоволно. Некои дури тврдеа дека Мерјем правела корекции на лицето, ја полнела устата, ги корегирала јаболчниците и користела ботокс.
Нејзините фанови велеа дека малку претерала со слабеењето и дека подобро изгледала кога имала вишок килограми, но сепак она што е најважно дека таа се чувствува убаво во своето тело и конечно може да каже дека е среќна и задоволна.