Кафе муабет

Илда искрено за загубата на бебето: “Тешко ми е што немам уште едно дете”

Жали што на Ема не и подари братче или сестра...

Не е тајна дека Илда Шаулиќ сакала по втор пат да се оствари во улога на мајка, но за жал таа желба остана неостварена.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Фолк пејачката реши искрено да проговори за загубата на своето второ дете, па во емисијата На терапија со „Славица Ѓукиќ Дејановиќ“, Илда Шаулиќ си ја отвори душата и искрено проговори за периодот низ кој минувала по таа загуба.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– За жал, не успеавме на Ема да и дадеме брат или сестра. Всушност, тогаш почна короната, ја фатив короната и имав екстремно благи симптоми, но веќе беше почеток на третиот месец од бременоста, се чувствував добро, но не можев да одам на лекар на преглед. Тие три, четири недели што бев дома, тогаш требаше да се види дали срцето почна да работи… Но кога отидов на тој преглед, тоа го немаше. Едноставно требаше да се прекине бременоста, всушност штотуку беше прекината… Дали сега загубата ја препишуваме на корона вирусот или така требало да биде… – вели Илда Шаулиќ и продолжува:

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Генерално, жалам што немам повеќе деца бидејќи е многу убаво да се има брат и сестра и знам колку е прекрасно и немерливо во животот. Таа е дете кое многу ги сака братучедите од семејството и многу пати има кажано: „Мамо, зошто немам брат или сестра“. Навистина би сакала, но повторно, свесна сум за мојата возраст. Денес се се смени, но мислам дека сакам да бидам присутна во животот на моето дете и да имам повеќе денес и утре за да бидам тука кога најмногу ќе и требам, дека ќе бидам тука здрава и дека ќе можам да и помагам. Сето тоа има свои предности кога луѓето ќе се остварат како родители кога се помлади, или кога се постари, но сето тоа има свој пат и судбина и ништо не можеме да направиме со сила – искрено изјави Илда.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Илда во емисијата се присети и на својата прва бременост и тоа како дознала дека е бремена со Ема.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

-Јас и сестра ми бевме во Рим, нејзиниот син имаше интервенција и бевме прилично загрижени, а се сеќавам дека Санела рече: „Еве Илда, интервенцијата помина добро, Лука е добро, одлично се опоравува, ајде да одиме во градот, ајде да прошетаме“, тогаш и реков дека не можам, дека ме боли глава и дека навистина не сум за прошетка. Следниот ден пак така, велам дека имам страшна главоболка, и вели: „Боже Илда, во Рим сме, ајде да прошетаме, да одиме до Фонтана ди Треви, да купиме барем нешто, да ручаме. “ и реков дека воопшто не ми се прави ништо… и во тој момент таа излегува од собата и вели: „Слушај, дали  можеби си бремена?“.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

-Реков каква бременсот, прво никогаш не сум била бремена, тоа ми беше фасцинација, немам поим како изгледа и таа вели: „Слушај ме Илда, да направиме тест и да дознаеме овде дали си бремена“. И реков: „Ако ништо друго, дозволи ми да одам во аптека и еднаш во животот да го купам тој тест за да видам дали е вистина или не“. Беше фасцинирана и пресреќна, а јас ја гледам и не верувам. Воопшто не мислев дека е можно. Некаде се помирив со тоа дека можеби нема да имам деца, имам деца на сестра ми кои ги обожавам, што знам Михајло ќе има деца денес, утре, некако веќе не можев да се замислам како мајка на таа возраст.. – искрено рече Илда.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

-Тоа беше навистина посебен момент за мене, најголема радост и секако нејзиното раѓање, кое, фала богу, помина добро. Таа бременост ја носев многу лесно, бев среќна и пресреќна без никакви проблеми и компликации, ваљда сето тоа некако успеа. Тоа се убавит емоменти кои се секогаш таму некаде во срцето и душата, рече Илда.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close