Кафе муабет
Зимска новогодишна романтика – ФОЛК ПЕЈАЧКАТА САНИ УЖИВА СО НОВИОТ ДЕЧКО
Предновогодшно пејачката ужива со саканиот...
Важи за една од нашите најпознати и најангажирани фолк пејачки.
Фото:Фејсбук/Сани Гроздановска
Сани Гроздановска неодамна повторно се сврши по само еден месец врска, а зад себе веќе има два брака.
Во интервју за Фокус пејачката ги открива деталите за оваа голема животна промена.
Фото:Фејсбук/Сани Гроздановска
,,-Имаше доста пишувања и шпекулации периодов, вистината е дека се омажив во Швајцарија. Мојот избраник Никола Урдаревиќ е по потекло од Македонија, сега ја средуваме потребната документација и заедно со ќерките заминуваме кај него. Децата ми се многу среќни, го прифатија Никола’’- вели Сани, за која ова е трет брак.
Фото:Фејсбук/Сани Гроздановска
Сепак, открива дека никогаш не ја изгубила вербата во љубовта и бракот како институција, и вели дека се радува на иднината.
Фото:Фејсбук/Сани Гроздановска
,,Јас сум од оние луѓе, кои и покрај се, веруваат во љубов. Нема да дозволам поради лошото минато, да не ми блеска иднината! Кога е мојата професија во прашање, од Никола имам огромна поддршка. Но, решив да направам мала пауза од настапи кога ќе пристигнам во Швајцарија. Потребен ми е одмор од се, а потоа продолжувам со засилено темпо” – вели таа за Фокус.
Фото:Фејсбук/Сани Гроздановска
Никола има три деца на возраст од шест, 16 и 18 години. Сега сите заедно ќе живееме, значи заедно ќе се грижиме за пет деца. Тоа воопшто не не плаши, напротив, се радуваме, бидејќи и двајцата многу сакаме деца, сакаме полна куќа – раскажува Сани
Фото:Фејсбук/Сани Гроздановска
Сани е присутна на естрадата долги години.
Доста млада стапи во брак, доби ќерка, се разведе, потоа се омажи по вторпат па доби уште една ќерка.
Фото:Фејсбук/Сани Гроздановска
Со својата работа успеала да заработи за стан и автомобил, и порача дека секоја жена треба да се стреми кон тоа, да биде независна.
Фото:Фејсбук/Сани Гроздановска
Неодамна, пејачката на Фејсбук објави фотографија со саканиот – нејзиниот нов избраник Никола.
На фотографијата парот наздравува со чаша бело вино и од истата може да се заклучи дека можеби конечно пејачката е навистина среќна.
Фото:Фејсбук/Сани Гроздановска
Таа сподели дека се чувствува среќно, а тоа може да се види и од нејзината насмевка.
Фото:Фејсбук/Сани Гроздановска
Сани и Никола позираа гушнати, покрај камин и наздравија за зимската романтика и предновогодишна еуфорија!
Фото:Фејсбук/Сани Гроздановска