Дом и семејство

Филип Живојиновиќ повторно ги подгреа гласините за развод: Малку се девет животи кога сакаш идиот- Пријовиќ јавно откри се

Тие се во добри односи...

Иако постојано се во центарот на вниманието воглавно поради нивниот брак, сепак Филип Живојиновиќ и Александра Пријовиќ живеат хармонично и со секое свое појавување ги демантираат гласините дека нешто не е во ред со нив.

фото инстаграм/Александра Пријовиќ

Неодамна откако го заврши заслужениот одмор, Александра Пријовиќ замина во странство каде имаше неколку настапи.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Се шушкаше дека партнерите имале жестока расправија поради тоа што Филип ја извисил пејачката.

фото Папарацо.рс

Имено се било многу очигледно кога Александра Пријовиќ при нејзиното пристигнување од странство не ја пречекал сопругот па нејзината реакција не остана незабележана од медиумите.

фото Папарацо.рс

Пријовиќ полуде кога сопругот Филип и испрати порака дека не може да ја земе на аеродром.

Пејачката била толку бесна што го фрлила куферот, а додека го облекувала капутот во движење, ѝ помогнал нејзиниот шминкер Душан Лазиќ кој го влечел куферот.

фото Папарацо.рс

Прија се надевала дека Филип ќе дојде да ја земе со нивниот син, а нејзиниот сопруг ја откачил, го испратил возачот.

Но, и возачот задоцнил на аеродром, па пејачката се мрзнела петнаесетина минути додека не дошол.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Иако, можеби е подобро што не дошол Филип затоа што ќе се расправаа пред сите, како што беше случајот неодамна кога се расправаа пред сите во трговски центар и предизвикаа низа коментари и сомнежи дека не се во добри односи.

фото Стори.рс

Сега само неколку дена по овие шпекулации пристигнаа нови. Имено јавноста е запознаена дека Филип е многу посветен на кариерата на својата сопруга Александра Пријовиќ, а во последно време напорно работи на нејзините песни и спотови.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Таа сега проговори за нивната соработка и во таа прилика се осврна и на исплатата на песните. Она што предизвика особена врева е еден дел од текст кој го напишал токму Филип, па многумина посочија дека е посветен на неговата сопруга.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

-Тој текст го напиша Филип, сериозно е инспириран во последно време. Текстот вели: „Девет животи се малку кога сакаш идиот“ и тоа е самиот крај на песната. Мора да го прашате што го инспирирало. Не штедам на песните, но на Филип не му дадов пари за песните. Лично јас ќе му се оддолжам, рече Пријовиќ.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Неодамна Александра на својот Инстаграм профил, објави и фотографија од Филип, а на неа може да се види како тој свири на клавир.

фото инстаграм/александра пријовиќ

– Какви песни ми направи едвај чекам да ги слушнете – напиша тогаш Александра и со тоа го потврди горенаведеното дека тој е особено посветен на нејзината кариера.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close