Кафе муабет
Синчето на Тамара Тодевска наполни четири години – ТАМАРА И МАЧКА ЗАЕДНО НА ПРОСЛАВАТА
Дарен наполни четири години...
Нашата популарна пејачка Тамара Тодевска со сите случувања околу неа постојано е под будно око на јавноста.
Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска
Неодамна, како бура одекна веста за разводот на пејачката со поранешниот кошаркар Александар Димитриевска – Мачка.
Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска
,,Да, точно е дека се разделивме, но ќе продолжиме да одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко. Ова не е ниту прв, ниту последен ваков случај. За мене, искрено, многу важни се децата, нивните права и интереси да останат заштитени. Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на нив и сакам да останат настрана од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично. И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив”, изјави тогаш Тодевска за Убавина и здравје.
Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска
Тамара и Мачка беа седум години во брак. Во една изјава за Репортер пејачката кажа дека со поранешниот сопруг најважни им се децата и ќе успеат да го зачуваат пријателството.
Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска
Неодамна, синчето на Тамара и Мачка, Дарен наполни четири години. Роденската прослава ја направија во познат скопски ресторан.
Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска
Она што е интересно е дека на забавата беа присустни и двајцата поренешни сопружници.
Ова е прво појавување во јавноста на пејачката и поранешниот сопруг по објавата за нивниот развод.
Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска
Пејачката со емотивна објава го честиташе роденденот на синчето Дарен.
Таа објави емотивно видео под кое напиша:
Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска
,,Среќен роденден сине, да си така насмеан и весел цел живот…Те сака мама’’, напиша пејачката на Инстаграм.
Кон честитките се приклучи и неговата тетка – популарната пејачка Тијана Дапчевиќ.
Фото:Инстаграм/Тијана Дапчевиќ
,,Теткин шеф и глумец меѓу народот познат како Ибро., затоа што е најголем фан на Златан Ибрахимовиќ. Денес полни четири години. Мил мој Ибро, да си здрав, среќен и насмеан до 105 години и повторно назад. Те сака тетка и Вук и тетин Миле, напиша Тијана на Инстаграм.
Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска
Инаку, Тамара и Мачка беа седум години во брак, а во истиот имаат и две дечиња – ќеркичката Хана и синчето Дарен.
Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска
Фото:Инстаграм/Тамара Тодевска