Дом и семејство

Десет години не смееше да ја напушти Америка, поранешното момче ја пријавило за малтретирање: Кеба сподели убави вести за Наташа- солзите се минато, конечно ќе бидат заедно!

Доаѓа во Србија...

Наташа Којиќ, ќерката на Драган Којиќ Кеба, повеќе од една деценија живее во Америка. Иако и предвидуваа сериозна музичка кариера во Србија, таа наеднаш реши да остави се зад себе и да ја напушти земјата.

фото инстаграм/Наташа Којиќ

Сепак, сега Драган Којиќ Кеба откри добра вест, дека неговата ќерка наскоро доаѓа во Србија.

фото инстаграм/Наташа Којиќ

– Добра е и здрава, што е најважно. Убава е како кукла, уште поубава од што беше, а во оваа прилика ќе ве известам дека наскоро доаѓа во Србија – со среќа во гласот рекол фолкерот.

фото инстаграм/Наташа Којиќ

Инаку, покрај пишувањето филмска музика, таа снима модни едиторијали, и е статист.

фото инстаграм/Наташа Којиќ

-Три години не сум бил во Америка поради целата ситуација. Благодарение на новата технологија и социјалните медиуми, се слушаме секој ден или секој втор ден. Јас не сум од оние родители кога детето мора постојано да биде во скут. Грижата постои, често ме обзема и не ми е лесно. Само јас знам како се чувствувам. Плачам за неа. Тешките работи што ги чувствувам ги преведувам во песни. Имам две-три песни кои и ги посветив, но се уште ги немам снимено – изјавил еднаш Кеба.

фото инстаграм/Наташа Којиќ

-Се обидуваат да и нанесат болка на ќерка ми, а мене и мојата Оља да не дискредитираат како родители. Наташа е воспитана на вистински начин и оваа хајка не може да го намали нашиот придонес како родители. Ќерка ми заврши Музичка академија со оценка десет, а потоа дипломираше на Беркли во Америка како стипендист – рекол тој, пренесе Експрес.

фото инстаграм/Наташа Којиќ

Имено неодамна во јавноста излезе веста дека за да може толку долго да остане во САД, Таша поднела барање за статус на барател на азил, како лез-бејка. Иако јавно покажува дека не е ориентирана кон истиот пол, Наташа го искористила правото на азил за да добие документи.

фото инстаграм/Наташа Којиќ

Америка не е обврзана да дава азил без разлика дали барањето е основано или не, освен во случаи кога барателот на азил веќе е на територијата на земјата од која бара азил, и само ако неговиот живот ќе биде загрозен или ќе претрпи прогон ако се врати во матичната земја. По нечиј совет се пријавила како лез/бејка, па би требало да успее, бидејќи во Србија за разлика од САД не се дозволени геј бракови, а тоа во Америка се толкува како дискриминација.

фото инстаграм/Наташа Којиќ

Но, ќерката на Драган Којиќ поради ова немаше право да ја напушти Америка, бидејќи доколку го направеше тоа, нема да и биде дозволено да се врати во Америка. Имаше тешки моменти, кога јадеше по една кифла дневно, а нејзините родители Оља и Драган и помагаа финансиски. Ја молеле да се врати во Србија, но Наташа не сакала ни да слушне за тоа.

фото инстаграм/Наташа Којиќ

За да ги исплати сите долгови што ги има изнајмила стан кој го издавала на трети лица. Покрај тоа, таа имала сериозни проблеми со поранешното момче кое ја пријавило во полиција поради малтретирање. Со оглед на тоа што Којиќ наводно била земена под заштита на азил, таа може да продолжи да работи во Америка легално. Наташа има кредитна картичка, сопствен автомобил, стан што го изнајмува. По се изгледа дека сега тешкиот период е зад неа, па Наташа конечно ќе биде во прегратките на своите најблиски.

фото инстаграм/Наташа Којиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close