Кафе муабет

Се огласи Дарко по тајната венчавка која направи раздор во семејството- сите му се лутат поради оваа постапка

Не ги поканил најблиските...

Фолкерот Дарко Лазиќ во четвртокот на 8-ми декември наводно запловил во брачните води и тајно се оженил со својата девојка Катарина во општина Нови Сад, но потврдата за тоа не стигна ниту од неа, ниту од него.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Сега по сите гласини се огласи Катарина која објави фотографија со Дарко, но и видео од неговиот настап.

фото инстаграм/принтскрин

Пресреќните младенци објавија фотографија на која двајцата се насмеани и гушкани, а ако може да и се верува на објавата тие биле заедно на неговиот настап во Мостар.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Катарина стави срце во описот на фотографијата, а освен што се стопи во прегратката на Дарко, ништо друго не може да се заклучи од објавата. На раката на Дарко нема бурма, па можно е венчавката да се случила без овие брачни симболи.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Вчера се огласи само мајката на Лазиќ, Бранка, која за Курир изјави дека не слушнала за нивната венчавка:

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

„Не знам ништо за тоа, не бев информирана. Најдобро е да се јавите на Дарко или Катарина“, кратко  изјави Бранка.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Во оваа прилика се огласи и братот на фолкерот, Драган, кој призна дека повеќе од една недела не се слушнал со Дарко и дека никој од семејството не знае дали воопшто се случила венчавката.

фото архива

– Јас и Дарко не се слушнавме повеќе од една недела. Тој е луд, но не знам дали имало свадба. Претпоставувам дека ќе ми каже нешто како брат. Тој и Ката се на пат, колку што знам не дошол овде. Иако, со нив никогаш не се знае! Деталите ќе ги знам кога ќе се слушнеме, засега тој не контактира со мене. Се немам слушнато ниту со мајка ми, барем нешто ќе кажеше да знаеше – изјави Драган за Република.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Да потсетиме, Дарко и Катарина наводно го кажаа судбоносното „да“ на 8 декември во општина Нови Сад во присуство на само неколку луѓе.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

На фолкерот ова му е втор брак по ред, а претходно беше женет со колешката Ана Севиќ со која ја има ќерката Лорена.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close