Кафе муабет
ЕДНА ГОДИНА БЕЗ ТЕБЕ ТАТО – Актерката Весна Бејби Петрушевска емотивно се присети на починатиот родител
Те сонувам и плачам година дена...
Својата популарност во кариерата и животниот пат, македонската актерка и водителка Весна Петрушевска, позната по прекарот Бејби ја стекна со нејзиното ток-шоу Вртелешка, кое достигна голема популарност и се емитуваше повеќе години на македонските телевизиски канали.
Фото:Фејсук/Весна Бејби Петрушевска
Актерката важи за жена без влакна на јазикот.
Фото:Фејсук/Весна Бејби Петрушевска
Активна е постојано на социјалните медиуми каде постира фотографии од работата која ја работи, семејството ,ќерката Мина…
Фото:Фејсук/Весна Бејби Петрушевска
Оваа година, Весна имаше убав повод за големо славење.
Имено, ќерката на актерката, Мина Петрушевска, стана полнолетна.
Фото:Фејсук/Весна Бејби Петрушевска
Весна, со големи емоции и среќа напиша роденденска честитка за својата ќерка.
Таа гласеше вака:
Фото:Фејсук/Весна Бејби Петрушевска
,,Мораме да ги учиме нашите ќерки дека ако можат да го искажат своето мислење, можат да создадат свет каков што сакаат. Мина, среќна 18ка, те сакам до небото и назад’’; напиша таа и објави фотографии од прославата.
Фото:Фејсук/Весна Бејби Петрушевска
Роденденот на Мина го прославија во еден познат скопски ресторан, а во друштвото на прославата беа присутни и дел од македонските јавни личности, меѓу кои и Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ и Игор Џамбазов.
Фото:Фејсук/Весна Бејби Петрушевска
Мина долги години е дел од актерската школа на мајка си, и дел од проектот ,,Агенда 21’’ што го снимаат Весна и Џамбазов.
Фото:Фејсук/Весна Бејби Петрушевска
Минатата година за пејачката беше навистина тешка.
Таа на 9-ти декември сподели дека нејзиниот сакан татко – починал.
Фото:Фејсук/Весна Бејби Петрушевска
Со голема тага, доста емотивно и оваа година актерката се присети на големаа загуба, па на Фејсбук објави фотографија на која се Мина – нејзината ќерка и нејзиниот покоен татко.
Фото:Фејсук/Весна Бејби Петрушевска
А под фотографијата напиша:
„Една година без тато, уште ми стои на листа најважни 4 броја на телефонот…го слушам неговиот глас, го сонувам и плачам на секој семафор година дена … кога умира тато,умира и половина од тебе“ .