Кафе муабет

Поранешната на Огњен Амиџиќ откри непознати детали: Манекенката откри какви планови има па ги израдува фановите…

Сите се надеваат дека ќе се смири со водителот...

Манекенката Данијела Димитровска во последниот период е главна тема во медиумите воглавно поради разводот од познатиот водител Огњен Амиџиќ.

Фото Фејсбук/Данијела Димитровска

Нивните фанови се надеваат дека парот ќе ги реши проблемите и ќе дадат уште една шанса на љубовта па поради тоа Огњен и Данијела се под лупа на јавноста изминатиов период.

Сега Данијела откри дека напорно работи и се подготвува за претстојните празници, а кажа дека се уште не ја накитила елката, а откри и како планира да ги помине празниците.

Фото: Инстаграм/ Данијела Димитровска

А, освен на актуелните теми, Данијела се осврна и на врската со нејзината сестра Ивана, која секогаш и била поддршка.

Фото: Инстаграм/ Данијела Димитровска

-Јас пеам за себе, но не знам како би им се допаднало на другите. Велат имам слух, само не знам дали е за јавноста. Многу сакам да пеам, во суштина сум весел човек, но само за блискиот круг на пријатели – рече Димитровска, која новинарите ја прашаа дали ја накитила елката и дали синот Матија ќе и помогне:

Фото: Инстаграм/ Данијела Димитровска

-Не, се уште е почеток, син ми ми рече дека мораме да ја китиме заедно. Нему му е тоа важно, сака да украсуваме заедно – рече таа, но сепак не е сигурна дали нејзиниот син ќе ја помине Новата година со неа во Црна Гора:

фото инстаграм/Данијела Димитровска

– Ќе видиме, ќе видиме.

Таа истакнува дека Матија повеќе сака море отколку планина, поради што е многу веројатно и тој да и се придружи во Будва на дочекот.

Фото Фејсбук/Данијела Димитровска

– Матија сака да скија, сака и потопли места, но како и секое дете повеќе го сака морето. Данијела има многу новогодишни желби, но како што вели секогаш ја посакува онаа најнеопходната.

Фото: Инстаграм/ Данијела Димитровска

– Јас сум толку досадна со тоа , здравјето е нешто што е примарно во денешно време. Тоа е најголемото богатство што можеме да го имаме и тоа е нешто кон кое треба да се стремиме, па тоа е мојата најголема желба – рече таа и нагласи дека нема големи планови во Новата година, туку само да остане здрава:

Фото: Инстаграм/ Данијела Димитровска

– Имам и немам планови. Со текот на времето сфатив дека не треба да правам планови. Се трудам да бидам здрава за мојот син и уживам да бидам со него. Тоа се моите планови.

Фото Женски Магазин

Оние кои ја познаваат знаат дека е многу блиска со нејзината сестра Ивана, а сега Данијела признава дека не и била поддршка во одредени ситуации, туку во сите:

фото инстаграм/Ивана Димитровска Јевтиќ

– Ивана ме поддржуваше цел живот, сега не можам да издржам ниту еден момент без неа. Сега, откако се вратив, го користам секој момент што го имаме заедно.

фото архива

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close