Кафе муабет
“Веројатно вашите жени и ќерки се светици”: Лила бесна на недоличните коментари за прерано починaтатa Маја- Имате ли малку мозок, емпатија?
Водителката не може да си поверува на коментарите кои ги прочита...
Јавноста е во шок и неверување по см-ртта на младата инфлуенсерка и светски позната мејк-ап артистка од Македонија Маја Миа Јанеска.
Маја беше светски позната шминкерка со милиони следбеници на социјалните мрежи, а беше во врска со познатиот музичар Оми Димпоз.
Нејзиното момче преку Инстаграм се прости од неа, а веста први ја објавија медиумите во Јужна Африка каде што Маја живееше и работеше веќе со години.
„Почивај во мир љубов“- пишува во објавата на познатиот музичар на социјалните мрежи.
Со оглед на тоа што се појавија и низа недолични коментари, една од нашите најпопуларни водителки Лила Филиповска, се огласи и кажа дека е згрозена од целата ситуација и она што се коментира за некој кој не е веќе меѓу живите.
-Не знам, веројатно по дома вашите жени и ќерки се светици, зошто очигледно по вашите коментари сите останати се неморални и лесни жени! Не дај боже да е убава и успешна, е тогаш почнува вистински натпревар, кој поОдвратен и позлобен коментар ќе остави! Па уште си се дополнувате ( леле баш така во право си брат…леле што убаво и пиша), мизерии едни мизерни!!! Па добро, вие имате ли барем малку мозок, емпатија… некакво чувство?! Имате ли сeмејства, роднини,колеги, комшии од кои треба барем малку да ви е срам?! Имате ли? Па која е таа состојба на умот да седнете и да пишувате одвратни коментари за некој кој за жал веќе не е меѓу живите, а притоа е млада жена, а освен името ништо друго не знаете за неа! Па она има и родители, семејство кое е во неверојатен шок, преживува трагедија…. Изгубиле дете! Срам да ви е! А одите во црква, се крстите, се молите на бога, слави славите, наредени икони и светци низ куќа…. Безбожници едни !!! Ама да си знаете истиот тој бог ќе ви суди , секому според заслуга!
Оставете девојката да почива во мир и сочувство до нејзиното семејство за оваа голема и ненадоместлива загуба…, напиша Лила на својот Фејсбук профил.