Кафе муабет
Мажите открија: ЕВЕ НА КОЕ МЕСТО НАЈЧЕСТО ГИ ИЗНЕВЕРУВААТ ЖЕНИТЕ
Тоа го прават под изговор дека во тие прилики им е полесно да ги „пуштат сопирачките“...
Ако некогаш сте се запрашале каде мажите најчесто прават прељуба, еве го одговорот.
Едно истражување според Машки магазин покажа дека свадбите се места каде што девојките никогаш не треба да ги остават мажите сами, бидејќи има големи шанси да извршат неверство.
Се чини дека свадбената веселба ја зголемува желбата за поинтимна врска и тогаш на момците им е полесно да ги „отпуштат кочниците“.
Сајтот IlicitEncounters.com спроведе истражување на примерок од 2.000 испитаници.
Дури 32 отсто од мажите ќе ја изневерат сопругата, девојката или вереницата ако одат на свадба без придружба, 27 отсто на ергенска забава, 21 отсто на Божиќни прослави и 9 проценти на годишнина од матура.
Истото истражување покажа дека 37 отсто од жените биле убедени дека нивните половини ќе ги изневерат на божиќните забави, а 35 од нив процениле дека ќе ги изневерат на ергенска забава. Само 11 отсто од жените мислеле дека нивните партнери ќе ги изневерат на нечија свадба.