Кафе муабет
Данијела и Огњен повторно заедно: Објавија дека се разведуваат по десет години брак а сега славеа до зори ФОТО
Синот Матија го прослави роденденот...
Нивниот развод по десет години хармонична заедница прилично ја потресе јавната сцена.
Огњен и поранешната манекенка со македонски корени, Данијела Димитриевска, важеа за еден од најхармоничните парови, секогаш се појавуваа насмеани и весели на градските настани, дури неодамна соработуваа и на песна која Огњен ја направи самостојно, а потоа се случи шок. Данијела Димитровска и Огњен Амиџиќ решија да стават точка на деценискиот брак.
Со месеци не сакаа да зборуваат за причините за разводот, а потоа убавата манекенка откри дека таа и Огњен останале во пријателски односи заради нивното единствено дете Матија, кое пред неколку дена го прослави својот деветти роденден.
Синот на Данијела и Огњен Амиџиќ одлично се снајде со разводот на неговите родители, а од неодамна живее со мајка си на нова адреса, што не му го нарушува односот со татко му кој му ја исполнува секоја желба.
Така поранешните сопружници заедно подготвија роденденска забава за паметење на Матија во една белградска игротека. Видеа и фотографии на Инстаграм објави сестрата на позната манекенка на која можевме да видиме дека Огњен и Данијела навистина живеат во хармонија, и дека одлично се согласуваат по разводот.
Синот на Данијела и Огњен Амиџиќ е центарот на нивниот свет, па му приредиле на Матија, забава каква што замислил.
Манекенката и водителот се пример дека љубовта кон детето е најважна а при дувањето на свеќичките стоеја еден до друг насмеани, па нивните обожаватели се надеваат дека можеби ќе дојде до помирување.
Она што на сите им падна во очи е широката насмевка на поранешните партнери која влева надеж дека тие се среќни заедно и дека одлично прилегаат еден на друг.
Роденденот на Матија можеби беше еден од оние настани кој ќе донесе нова шанса за парот.
Инаку пред неколку дена, манекенката му приреди изненадување на синот па многумина шпекулираа дека тато Огњен нема да се појави на роденденската забава иако тој м у го честиташе роденденот на синот на социјалната мрежа Твитер.
– Мојот најмил син Матија денеска наполни девет години. Ги дувна свеќите и си посака желба. Кога го прашав што замисли, тој рече: „Не знам дали ќе се оствари, но замислив дека татко ми ќе ми даде 100 динари“, напиша водителот.
Имено ова беше прв роденден на Матија откако неговите родители се разведени.
Со балони и прекрасна роденденска свеќа со бројот девет на врвот, синот на Данијела Димитровска и Огњен Амиџиќ го прослави својот роденден а гордата мама сподели со своите следбеници на „Инстаграм“ какво изненадување му приредила.
Дневната соба ја украсила со бели и сини балони, на аголниот тросед ставила чоколадна торта, додека во централниот дел од собата, ставила поголем подарок, многу убаво завиткан.
Синот на Данијела Димитровска и Огњен Амиџиќ штом се разбудил, побрзал да види што му подарила мајка му, ја дувнал свеќата и замислил желба.
– Јас и Огњен сме во коректен однос, всушност во нормален, тоа ни е важно поради здравиот развој и раст на нашето дете. Се слушаме апсолутно секој пат кога има нешто поврзано со Матија. Гледаме да бидеме меѓусебна поддршка на овој нов пат. Ги надминуваме сите потешкотии – изјави Даниела неодамна.