Кафе муабет
МЕГА СКАНДАЛ: Сале Поповиќ ја ограбил оваа пејачка- “Ми се гади од него, нека ми ги врати парите”
Елма и го тужеше...
Пејачката Елма Синановиќ го обвини директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ дека наводно ја ограбил, и дека не може да биде во добри односи со него, додека, како што вели, не и ги врати парите.
Таа се појави на снимањето на новогодишната програма, а зборуваше за деталите од конфликтот:
– Не, ме ограби и никогаш не може да биде во добри односи со мене додека не ми даде пари. Многу сум разочарана, бидејќи отсекогаш сум била коректна, 26 години сум на естрада никому ништо не сум должела – вели Елма и посочува дека оваа ситуација не може да се реши ни по законски пат:
– Не може, поминаа многу години, застарено е – рече Елма.
Минатата година Елма истакна дека нема да се откаже додека Поповиќ не и ги врати парите.
-Ќе трае тоа уште долго. Не се откажувам, сметам дека правдата треба да биде задоволена. Што ќе постигнам и колку, не можам да знам. Она што е до мене, ќе се потрудам да дојде на свое. Забележав дека и неколку мои колеги покренаа тужба против него, изгледа повлеков нога, изјави пејачката.
-Издадов три албуми за неговата продукциска куќа, ни денар не добив. Од дигиталните платформи се ми зема, како на бизнисмен му се восхитувам, но како човек ми се гади од него, вели пејачката.
Елма во една прилика прозборе и за нејзиниот хонорар, а истакна и дека се омажила богато па не морала да пее по кафеани.
-Никогаш не пеев во кафана и не пеев за хонорар, се омажив за богат сопруг и потоа добив се на тацна. Им се извинувам на сите што работеа, но јас не, а сега добивам многу убав хонорар. Им благодарам на сите што мислат дека вредам и што плаќаат за мене– изјавила Елма.