Кафе муабет

Агнеса пресече: ГО ЧЕКАМ ВИСТИНСКИОТ КОЈ ЌЕ ЗНАЕ ДА СЕ НОСИ СО МЕНЕ

АГНЕСА: Се’ уште го чекам вистинскиот...

Важи за една од најконтроверзните но и најзгодни дами во Македонија. После јавниот развод нејзината популарност на социјалните медиуми вртоглаво порасна, а денес нема бренд што не ја бара за соработка и маркетинг.

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Инфлуенсерка, правник, жена, мајка, кралица…Русокосата чија појава никого не остава рамнодушен.

Фото:Фејсбук/Агнеса Органџиева

После јавниот развод со поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) Роберт Орданоски кој ја разбранува македонската јавност, згодната русокоса не престанува да биде во фокусот на вниманието на љубопитните читатели.

Фото:Фејсбук/Агнеса Органџиева

Во ексклузивното и до срж искрено интервју за Гламур, Агнеса говори искрено за домот, поранешниот брак, нејзините две ќерки, за социјалните медиуми, бенефитите но и хејт-коментарите кои постојано стигнуваат на нејзина адреса.

Фото:Фејсбук/Агнеса Органџиева

На прашањето дали моментално Агнеса е заљубена, таа отсечно одговара дека се’ уште го чека вистинскиот кој ќе знае да се носи рамо до рамо со неа.

Фото:Фејсбук/Агнеса Органџиева

Дали повторно размислува за брак, таа кажа: ,,Зошто да не, тоа мене не ми значи ништо. Тоа е само лист хартија’’.

Фото:Фејсбук/Агнеса Органџиева

,,Моите ќерки ги советувам на секој пад што ќе го почувствуваат да стојат цврсто без спуштена глава или болка некоја што ќе ја имаат која што е можно и да се надоградува во нивните животи. Емоцијата да не ги совлада, дека ќе мораат да се соочат и да се борат со секоја тежина за да бидат подготвени за идните битки. Бидејќи во животот се’ е со причина и имаме мисија на овој свет. Кога ќе се изборат со сите такви патишта, тогаш кога ќе биде момент сами ќе знаат дека се изградени личности и ќе бидат спремни да го добијат заслужениот подарок од Господ’’, искрена е Агнеса.

Фото:Фејсбук/Агнеса Органџиева

Агнеса Органџиева е мајка на две ќерки, таа е дипломиран правник, вработена во Акционерското друштво за стопанисување од значење за Републиката.

Фото:Фејсбук/Агнеса Органџиева

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close