Кафе муабет
Поранешната на Кајмаковски си фати ново момче?! Нема да верувате за кој пејач станува збор!
Тие ги негираа ваквите шпекулации...
Кристина Димитриевска важи за една од најубавите девојки кај нас а тоа го потврдуваат и титулите со кои се има закитено во својата кариера како манекенка и модел.
Јавноста добро ја познава убавата поранешна на Кајмаковски со кого го има синот Давид.
Инаку, манекенката Кристина Димитриевска и пејачот Даниел Кајмакоски ставија крај на нивниот брак во 2020 година.
Пејачот продолжи да работи и живее во Белград, додека неговата поранешна сопруга, остана во земјава и почна да реди успеси во нејзината кариера.
Кајмаковски неодамна на својот Инстаграм профил откри како изгледа девојката која му го украде срцето.
“Да ја исполниме Книгата со љубов и радост” напиша Даниел во описот на фотографиите и нема сомнеж дека е до уши заљубен во мистериозната црнокоса.
Во прашање е шармантна црнокоса која Кајмакоски досега ја криеше од своите обожаватели.
Сега неговата поранешна е во центарот на вниманието поради нејзиниот љубовен живот.
Излегоа шпекулации дека Кристина е во врска со познатиот пејач Драган Темелковски- Џони, а естрадниот магазин Бекстејџ ги фати на дело во еден скопски локал аде беа излезени заедно.
Убавата Кристина низ насмевка одговори дека помеѓу неа и Џони има само пријателство и ништо повеќе додека истото го потврди и тој.
Иако Драган ретко зборува за својот приватен живот во јавноста сепак истакна дека помеѓу него и Кристина има само вистинско пријателство, а додаде и дека тие двајца се многу слични карактерно.
-Јас мислам дека се уште нема ништо, само пријатели сме многу добри, и за мојот роденден бидејќи е за брзо ќе бидеме заедно ама како другари. Јас и Кристина многу си одговараме како карактери затоа се дружиме, нема ништо повеќе откри Џони додека Кристина за сето тоа време слатко се потсмевнуваше.
Да потсетиме, Кристина беше во брак со Даниел три години во брак, а плод на оваа љубов што не траеше долго е нивниот син Давид.
Давид сега има пет години и остана да живее со мајката, а Кајмакоски по разводот ја напушти Македонија.
Тој денес живее во Белград каде свири со својот бенд со кој настапува во регионот и во животот одлично му оди а Кристина набрзо по породувањето се врати во манекенските води а сега важи и за една од најатрактивните пејачки кај нас.
Кристина Димитриевска во изминатиот период покажа дека знае како треба и на естрадната сцена.
Имавме можност да ја видиме на овогодинешното издание на Макфест 2022 каде заедно со Борјан Илковски, попознат како диџеј Боно ја отпеаја песната ,,Салса’’ и буквално ги собра сите погледи со својот стајлинг.