Кафе муабет

МОМЧЕ СЕ ИСТЕТОВИРА СО ЛИКОТ НА ТАЈЗИ – позади тетоважата стои трогателна приказна

Неговата песна му го спасила животот...

Драган Величковски Тајзи од Куманово повеќе од десет години функционира на македонската естрадна сцена.             Фото:Фејсбук/Тајзи

Величковски е попознат под името Тајзи и важи за еден од најдобрите рап изведувач во нашата држава, а неговите текстови се вистинско ремек дело.

Тајзи беше дел од дуото Скипи и Тајзи (Skipi & Tyzee). Роден е во Куманово, а својата кариера ја започнува како дел од аматерска рап група 120ка.

Фото:Фејсбук/Тајзи

Неодамна за Денот на ослободувањето  на Куманово, на Градскиот плоштад  пред публиката од над 30.000 луѓе популарниот Тајзи одржа феноменален концерт.

Фото:Фејсбук/Тајзи

Многу омилен кај најмладата публика, кумановскиот поп-рапер Драган Величковски со прекарот Тајзи повторно изненадува. По балканската преработка на револуционерната италијанска песна „Бела чао“, во која ја прикажува суровата реалност во која што живееме, Тајзи има нова добра песна насловена како „Иронија“ од истоимениот нов албум.

Фото:Фејсбук/Тајзи

Драган Величковски Тајзи  има повеќе од дваесет песни со милионски прегледи и не прекинува пријатно да ја изненадува својата публика повеќе од 12 години колку што е присутен на македонската естрадна сцена. Кумановскиот „бунтовник со причина“ како што го етикетираат многумина, борец за еднаквост и социјална правда, пред Нова година најавува уште една нова интересна песна.

Фото:Фејсбук/Тајзи

Тајзи на својот Инстаграм профил објави емотивна приказна која допре до срцата на многумина.

Фото:Фејсбук/Тајзи

Имено, момче си направило тетоважа токму со ликот на Тајзи, а пејачот ја сподели приказната која се крие позади оваа тетоважа и која ја покажува моќта на музиката:

Фото:Инстаграм/Тајзи

-Тетоважа со ликот на Тајзи

Има приказна позади ова…

Еден дечко пред неколку години ми пиша пред концерт дали може да направиме муабет и испиеме една пијачка. Ми објасни дека имале страшна сообраќајка после која колата завршила во отпад.

Полицијата се чудела како е можно да нема повредени. На радио во тој момент пеела мојата песна „Чувај ни га Боже“…Тој е убеден дека токму тоа ги спасило, осетиле некоја чудна енергија.

Му кажав: Понекогаш Бог дава втора шанса, сега имаш мисија и почни да го работиш тоа што срцето навистина ти го сака. Ме послушал почнал да тетовира и да работи па пред некое време ми ја прати сликава и ми кажа: Ова е најмалку што можев да направам за тебе кралу. Сам себе се истетовирал (со мојот лик) во знак на почит спрема моето дело. Солзите сами поцнаа да течат…

Мојата музика не е само песна туку многу повеќе од тоа.. Јас не сум ѕвезда и никогаш не сум бил!!! Јас сум само сонце кое грее души како што е оваа и ги инспирира да станат најдобрата верзија од себе. И не ми требаат статуетки и награди, ова е мојата награда…

Слава на Бога – сподели пејачот.

Фото:Фејсбук/Тајзи

Фото:Фејсбук/Тајзи

Фото:Фејсбук/Тајзи

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close