Кафе муабет

Тамара Тодевска ГО КРЕНА ПЕХАРОТ – освои ПРВО МЕСТО ПА СЕ ПОФАЛИ

Пејачката освои прво место, па се слика со пехарот...

Пејачката Тамара Тодевска постојано е под будно око на јавноста. Во изминатиот период таа постојано постира фотографии од неа и нејзините две деца.

Фото:Фејсбук/Тамара Тодевска

Впечатлива беше големата трансформација со која пејачката скоро и да се преполови, намалкувајќи ја својата тежина.

Фото:Фејсбук/Тамара Тодевска

Од нејзините фотографии што редовно ги објавува на социјалните мрежи, може да се забележи дека максимално е посветена на тренинзите.

Благодарение на напорните тренинзи пејачката за кратко време успеа да се реши од значителен број килограми, но и да го задржи својот беспрекорен изглед што е евидентно и од нејзините модни фотографии.

Processed with VSCO with hb2 preset

Фото:Фејсбук/Тамара Тодевска

Неодамна, славната пејачка и поранешниот кошаркар  Александар Димитревски – Мачка одлучија да се разделат, но да останат во добри и коректни односи, пред сѐ штитејќи го интересот на нивните две деца.

Фото:Фејсбук/Тамара Тодевска

,,Да, точно е дека се разделивме, но ќе продолжиме да одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко. Ова не е ниту прв, ниту последен ваков случај. За мене, искрено, многу важни се децата, нивните права и интереси да останат заштитени. Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на нив и сакам да останат настрана од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично. И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив”, вели Тодевска за Убавина и здравје

   Фото:Фејсбук/Тамара Тодевска

Поп-пејачката вчера го освои првото место на женската трка ,,Tвинго кап’’ која се  одржа на паетеката Серес во Грција.

Фото:Фејсбук/Тамара Тодевска

,,Победа, адреналин и сонце – прво место на женската трка’’, напиша Тодевска.

Покрај честитките, во коментари најблиските и’ напишаа: ,,Конеччно, пехар. Да не биде за џабе љубовта за возење од дете.’’

Фото:Фејсбук/Тамара Тодевска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close