Кафе муабет

ЗА ДВА МЕСЕЦИ НАПРАВИ ТЕЛО ОД МИЛИОН ДОЛАРА – Миа Костова ќе ве „шокира“ со резултатите од теретана!

Тежината е иста, но формата е се’ подобра...

Важи за една од најпознатите жени во Македонија. Бившата водителка на Бекстејџ и највлијателна македонска инфлуенсерка Миа Костова, препознатлива по своите цврсти ставови и без влакна на јазикот секогаш умее да го задржи вниманието на јавноста.

Имено, водителката постојано е во фокусот на случувањата кај нас и важи за еден препознатлив градски лик.

Можеме да ја видиме само во одбрани градски друштва, по познати скопски ресторани.

Миа важи за една од навлијателните инфлуенсерки кај нас.

Често можеме да ја видиме, како амбасадор и заштитно лица на одредени брендови.

Пред неколку дена водителката објави доста смела фотографија на која рекламира накит, а притоа може да се забележи дека вежбањето на теретана не било залудно.

 

Поранешната водителка пред два месеци почна секојдневно да објавува фотографии во теретана, прикажувајќи дека решила да го смени својот животен стил на подобро.

Инфлуенсерката во минатото често зборуваше за тоа дека нема волја да вежба и дека никогаш нема да се натера на тоа, но докажа дека со дисциплина и упорност се можни големи промени.

Во изминатите два месеца, почнувајќи од 19-ти септември, таа сериозно се посвети на вежбањето во теретана и покажа дека дисциплината може да направи чуда, а со тоа покрај тоа што самата се чувствува подобро како што вели, ги инспирира и своите следбеници да започнат со промена.

По  тој повод Миа  сподели фотографии од нејзината трансформација на Инстаграм Стори и уште еднаш посочи дека на сите фотографии тежината е иста, докажувајќи дека не секогаш килограмите играат клучна улога во изгледот.

Откако претходно тврдеше дека вежбањето не е за неа, сега сподели дека тоа ѝ влијае позитивно и психички, покрај воочливите физички промени.

Костова во екот на изминативе неколку години стана една од најпознатите жени во Македонија, посебно кога се во прашање социјалните мрежи. Таа на својот Инстаграм постојано објавува интересни содржини, па многу нејзини обожавателки нестрпливо чекаат да видат нешто ново од неа.

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close