Кафе муабет
Погледнете во каков фраер порасна малиот Осман од хит серијата “Бурни времиња“: Денес има 17 години и е непрепознатлив
Вистинско момче...
Турската серија “Бурни времиња“ кај нас беше една од најпопуларните ТВ серии, а речиси и да немаше дом во кој не се гледаше оваа серија која го освои и целиот Балкан.
Приказната започнува во шеесеттите години. Малиот Осман ја раскажува приказната за неговиот татко Али (капетан на голем брод). Тој на долгите пловидби се заљубил во згодна холандинка, Каролин, и тие на морето ја започнале својата љубовна приказна.
Додека пак него го чека неговата сопруга Џемиле со своите четири деца: Берин, Мете, Ајлин и најмалиот син Осман.
Али ги поминувал своите ноќи во големи и страшни бури. Кога тој се враќа, со себе го донесува немирот на страшната бура.
Истовремено ќе се пресели и неговата љубовница Каролин во Истанбул, па тие ќе ја започнат одново нивната љубовна приказна. Тој од својата куќа ги брка Џемиле и неговите деца…
Оној што најмногу ги освои срцата на публиката беше петгодишниот Осман.
Емир Берке Зинчиди го играше ликот на преслаткото момче Осман во серијата која се снимаше од 2010 до 2013 година.
Тој денеска има 17 години, а на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која позира пред својот портрет од популарната серија „Бурни времиња“.
Она што е интересно е дека Емир Берке Зинџиди на само 6 години, стана сопственик на филмска агенција. Имено по големиот успех кој го постигна во серијата, татко му Беркант кој е поранешен манекен и мајка му Севги Зинџиди отворија подуцентска и кастинг агенција.
Емир Берке Зинчиди беше дел и од хит серијата Малиот ага, а потоа ни го освои срцето со улогата во „Близнаци”.
.Малиот Емир пред да почне да глуми во серии се појавувал на реклами. Тој улогата за малиот Осман ја освоил во конкуренција од 200 дечиња. Кариерата ја започнал на 2 години.
Во продолжение погледнете како изгледа денес: