Кафе муабет
Еве зошто сите и завидуваат на Ирена Спасовска: Фолкерката замина од Македонија- еве каде ужива моментално
Ужива во Италија....
Македонската фолк пејачка Ирена Спасовска е позната по својот авантуристички дух и речиси секогаш истакнува дека сака да патува.
Македонската фолк пејачка Ирена Спасовска ужива во секој ден од животот, а доказ за тоа се фотографиите и видеата на нејзините социјални мрежи.
Пејачката моментално ужива во Италија а замина по повод настанот кој се одржа на 19 ноември организиран од Македонското културно друштво Св. Кирил и Методиј- Трентино.
Таа е особено активна на социјалните мрежи каде постојано објавува фотографии од местата кои ги посетува.
Така беше и овој пат, Ирена ги собра сите погледи а фановите беа воодушевени од тоа како пејачката ужива во Италија.
Имено таа сподели низа фотографии од прошетката во Италија а доби многу коментари на сметка на нејзиниот изглед.
Фановите не можеа а да не ја забележат задоволната насмевка на пејачката која изгледа освежено и одморено. Очигледно е дека оваа прошетка многу и годи.
Ирена е една од ретките пејачки кои се секогаш интересни за јавноста.Таа знае како да привлече вниманието на публиката.
Освен со богата музичка кариера, пејачката Ирена Спасовска може да се пофали и со одличен изглед.
Нејзините фанови се воодушевени од нејзиниот изглед, па и порачуваат дека изгледа убаво и да не се откажува од овој начин на живот.
„Во инает на моите мразачи и годините што доаѓаат се чувствувам помладо дури и од пред петнаесет години. Ќе му пркосам на времето со мојата ведрина, духовност и виталност“, напиша неодамна пејачката.
Ирена неодамна се присети и на средбата со Шеикот од Катар.
-Прекрасен ден поминат во Молот на Шеикот со вештачко небо, канали, годоли… напиша Ирена тогаш по посетата на егзотичата дестинација.
Во интервју за Репортер.мк Ирена истакна дека тој се уште ја бара, но дека таа не е лесно достапна жена…
– Види и денес ме бара, но јас не сум лесно достапна, ние Македонките сме тешки жени, тврд орев. Тој веројатно сакаше да дојде до мене но сепак се случи едно одлично пријателство кое и ден денес го негувам рече Ирена за Репортер.