Кафе муабет
Слушам ме оговарале, кажете им дека многу се секирам – ЛИЛА ВО БИКИНИ ОД ЈОРДАН ГИ ПОЗДРАВИ ХЕЈТЕРИТЕ
Не можам да Ве видам од сонцето, топло овде во Акаба, се обрати водителката кон хејтерите...
Нашата позната водителка ги спакува куферите и замина за Јордан, на едно навистина интересно и возбудливо патување.
Неодамна, Лила со своите фанови сподели и снимки од посетата на реката Јордан, на местото за кое што се верува дека е крстен Исус Христос.
Таа беше на местото на кое што според Библијата Јован Крстител го крстел Исус, а потоа влезе во реката и го направи светиот чин.
„Како вистинска христијанка и верник.., овој чин е она што сакав одамна да го направам и во моментов не постои посреќен човек од мене“, напиша Лила на фотографијата направена по излегувањето од реката на која многумина повторно ја почувствуваат поврзаноста со Господ.
Покрај посетата на ова место, таа ја посети и долината во која Мојсеј, според Библијата, им донел вода на верниците.
Низ целото патување, се чини дека водителката ги води и нејзините фанови преку прекрасните фотографии кои ги споделува на социјалните медиуми.
Денес, таа објави фотографии во црни бикини и под нив опис со кој ги поздрави хејтерите.
,,Слушаме, ме оговарале. Кажете им дека многу се секирам.
Не можам да ве видам од сонцето. Топло овде во Акаба’’, напиша водителката.
фото инстаграм/Лила Филиповска
фото инстаграм/Лила Филиповска
фото инстаграм/Лила Филиповска
фото инстаграм/Лила Филиповска