Кафе муабет

ВЕЌЕ НЕ СЕ КРИЈАТ ЈАВНО : КАТАРИНА ИВАНОВСКА И ПЕРО АНТИЌ ЗАЕДНО НА ИЗЛОЖБА

Модно усогласен, парот уживаше во изложбата...

Шпекулациите за врската на нашата најпозната менекенка Катарина Ивановска и еден од нашите најдобри кошаркари – Перо Антиќ се покажаа како вистинити.

Фото: Инстаграм/Перо Антиќ

Имено, по подолго време криење од очите на јавноста, изминатиот период, парот веќе реши да не се крие и да излегува заедно во јавност.

Фото: Инстаграм/Перо Антиќ

Заљубената двојка можевме да ја видиме заедно на изложба во Скопје, каде Катарина и Антиќ беа модно услогласени и со насмевки  на лицата уловени од објективот на Маја Јаневска Илиева.

Фото/Маја Јаневска Илиева

Манекенката носеше црн фустан кој ја следи линијата на телото и паѓа слободно од коловите па надолу, во комбинација со црни сандали. Додека Антиќ пак се појави во сиви, класични панталони и црна ролка.

 Фото/ Маја Јаневска Илиева

Парот присуствуваше на изложбата ,,Се што ни е заедничко’’ која пред два дена беше отворена во Музеј на современата уметност.

Фото: Инстаграм/Перо Антиќ

Катарина се разведе од својот сопруг со кого има две деца – синчето Вања и помалата ќеркичка Кира која ја крсти по својот татко – поранешниот ракометен репрезетативец Кире Ивановски.

Фото: Инстаграм/Катарина Ивановска

Додека пак кошаркарот Антиќ во 2019-тата година се разведе од неговата сопруга, Ружица Максимовска после 13 години брак.

Тие заедно имаат три сина.

Фото: Инстаграм/Перо Антиќ

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close