Кафе муабет
Алкoхолот и го уништи бракот: Ова е таткото на Николија кој ја оставил Весна поради пиењето
Никого не слушала во тоа време...
Весна Змијанац важи за една од оние јавни личности која речиси ништо не крие од јавноста и медиумите. Секогаш е искрена пред своите фанови па затоа и многумина и се восхитуваат.
Таа на музичката сцена е четири децении. Кога беше на врвот на кариерата, балканската ѕвезда посегна по алхохолот, но бидејќи вешто се снајде, медиумите не обрнуваа внимание на тоа, бидејќи ниту самата Весна не сакаше да зборува за порокот.
Проблемот со алкохолот на Весна Змијанац дури сега во пензионерските години стана една од темите за разговор, а по тој повод пејачката за српскиот Курир открила се за што молчела долги години.
– Изгубив многу пријатели кога пиев. Имаше луѓе кои не се согласуваа со тоа и не ме поддржаа. Секој што ми кажуваше нешто за мое добро, минуваше како бос низ трње затоа што не сакав да слушам. Мислев дека сум најпаметна и велев: „Кој може да ми каже што ќе правам во животот“. Се расправав со другарките секогаш кога ми зборуваа за тој гаден порок – се присети Весна и продолжи:
– Не бев свесна што правам, а порокот ги оддалечи луѓето од мене. Кога бев помлада знаев да бидам многу груба, да бидам тврдоглавадо тој степен што мислев дека цел свет е против мене, но никој не беше. Знаете, ретко кој ќе признае дека има проблем со порок. Луѓето околу нас обично ни го посочуваат ова, па ние или се трезниме или не. На крајот сфатив дека морам да ги земам работите во свои раце, да се ослободам од се што ми штети за да не одам во бездна. Оној што измислил и правел опијати секако го мрази човекот, ги мрази сите луѓе и себеси. Секако, никогаш не се случило да пијам толку многу за да не знам каде сум и што правам, но и кога пиете повеќе од еднаш неделно, тоа е еден вид зависност – заклучила таа.
Проблемот со алкохолот на Весна Змијанац, според многумина, е виновен и за разводот на пејачката со Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, а потоа и со Владо Јовановиќ со кого а има ќерката Николија.
Владо Јовановиќ е доктор на економски науки, а своевремено работеше и како маркетинг шеф на РТС.
Николија ја почитува одлуката на нејзиниот татко да не се експонира во медиумите, но има одличен однос со него, но и со нејзината мајка.
„Имам совршени односи и со мајка ми и со татко ми. Тато никогаш не сакаше да биде експониран во медиумите и ние ја почитуваме таа одлука. Ситуации во кои се потпирам на татко ми? Па, исто како и на мајка ми. Се потпирам на фактот дека тие ме сакаат и она што јас го сакам кај нив е сета поддршка што ми треба од нив. Кога си помал, кога си дете, мама и тато се за тебе се на светот и тие беа столбот на кој се потпирав целиот мој живот, но сега го имам Реља и моите деца и од нив ја добивам и им ја давам сета моја љубов“, рече Николија која не го поднесе лесно разводот на своите родители.
„Кога бев дете материјално ништо не ми недостасуваше, ниту мајка ми, ниту татко ми, но тие беа разведени и како дете секогаш имав две спални соби, две бироа, два плакари… Сонував за да имам само една соба, еден плакар, биро.Тоа изобилство секогаш ме растажуваше, затоа што сакав да бидат заедно“, изјави Николија која еднаш откри дека нејзиниот татко не бил пресреќен што тргнала по стапките на нејзината мајка.
Татко ми е „алергичен“ на се што има врска со шоу-бизнисот, од периодот кога беше со мајка ми. Тој како доктор на науки не би ме советувал да пеам“, изјавила во една прилика Николија за еден магазин.