Кафе муабет

Осумнаесет години додека беше во брак изгледаше вака: Се разведе па реши да се промени- НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ КАКО ИЗГЛЕДА ДЕНЕС

Сосема непрепознатлива...

42- годишната Ема Шеферд за британски Mirror ја раскажа својата приказна за тоа како решила да се промени и од себе да направи сосема нова личност по 18 години поминати во брак во кој не се чувствувала среќна и исполнета.

фото принтскрин

Ема отиде подалеку и целосно го промени својот живот по разводот.

фото принтскрин

Откако во 2020 година се раздели од сопругот со кого беше 18-години Ема се чувствуваше „безвредно“. Денес, две години подоцна, откако ја пронашла внатрешната среќа, таа живее среќен живот.

фото принтскрин

Таа е мајка на две деца, која како што вели додека била во брак потполно заборавила на себе, но сега сфатила дека е време да се посвети на себе.

фото принтскрин

Ема започна да оди во теретана, се откажа од својата нездрава исхрана, почна да се вклопува во општеството, па дури и се приклучи на Тиндер – ѝ го промени животот.

Ема вели дека ги променила и своите навики во исхраната, заменувајќи сендвичи со јајца, чипс и сланина за тестенини и домашно болоњезе.

фото принтскрин

Ја смени гардеробата, заменувајќи ги вообичаените црни панталони со здолништа, штикли и јакни и палта во светли бои. И таа за прв пат почнала да носи црвен кармин, а бројот на цигари од 20 ги намалила на 4 цигари дневно.

фото принтскрин

Таа, исто така, почна да работи дополнителна работа две ноќи неделно како келнерка во коктел бар и почна да оди во теретана каде што крева тегови и вежба кардио дури пет пати неделно.

Ема која работи како социјален работник рече: „Се чувствувам неверојатно, како убавината да доаѓа од внатре. Лебдам од среќа.’

фото принтскрин

– Порано секогаш работев напорно и се грижев за сите други. Но, еден ден по разводот сфатив дека сега е мој ред, да се грижам за себе. Изгледав старо, празно и исцрпено, а сега мојот живот е подобар од било кога. Среќна сум и изгледам сосема поинаку – објаснила таа.

Ема се омажи во 2000 година, на 22 години. Мислела дека ќе биде во брак до крајот на својот живот, но врската почнала да пропаѓа пред неколку години, вели таа.

Потоа нејзиниот сопруг се иселил во јануари 2021 година, а разводот бил финализиран во октомври истата година. Ема вели дека на почетокот била депресивна, но откако ја слушнала Roar на Кети Пери, решила да продолжи понатаму.

– Мислев дека сум во брак за цел живот.  Животот ми беше тој, ќерките и работата. Чувствував како да сум склопила се, а потоа него го снема. И тоа навистина ме скрши. Се чувствував безвредно, имав дури и напади на паника – рекла таа.

фото принтскрин

– Немав никаква самодоверба и се чувствував многу изолирано. Само постоев, работев за да ги платам сметките и секој ден ми беше ист. Еден ден се разбудив и си помислив: „Ти доаѓаш од семејство на силни жени, слободна си и можеш да си го промениш животот“, рече таа.

– Сфатив дека можам да бидам многу повеќе. Денес сум нова личност – додаде таа.

фото принтскрин

– Луѓето велат дека изгледам неверојатно во споредба со тоа како изгледав порано, и мислам дека тоа е последица на тоа што сум среќна, навистина среќна. Сега се смеам цело време. И ова е само почеток – изјавила Ема за британски Mirror.

фото принтскрин

Ема нема нов партнер, но бара љубов на Тиндер – каде што го привлече вниманието на маж кој тврдеше дека е ѕвезда на Love Island. Таа рече:

„Беше смешно што му се допаднав на момчето од Love Island. Отпрвин не го препознав, но си помислив „Дефинитивно мој тип на маж“ – рекла таа.

– Тоа го сфатив кога разговаравме преку Snapchat и откако ги гледав неговите видеа. Ми праќаше пораки колку сум убава и дека не изгледам како да имам 42 години – рекла таа.

– Беше многу ласкаво, шокантно и доста смешно – додаде таа.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close