Кафе муабет

Нема да верувате како изгледала Николина Пишек пред 18 години без корекции- сподели фотографии и ги изненади сите

Не крие дека правела естетски корекции...

Не е тајна дека многу јавни личности својот совршен изглед го должат на естетската хирургија, па така и атрактивната водителка Николина Пишек не крие дека направила корекции.

фото инстаграм/Николина Пишек

Иако таа зборува за промените кои ги направила на себе, и да не е така сепак би ја издале фотографиите од минатото на кои може да се забележи дека изгледа сосема поинаку од денес.

фото инстаграм/Николина Пишек

Таа неодамна сподели неколку фотографии од минатото и самата се сети присети на врвот на својата кариера, па преку својата приказна на Инстаграм покажа како изгледала во 2004 година и подоцна.

фото инстаграм/Николина Пишек

Водителката Николина Пишек (46) од почетокот на кариерата е позната како една од најатрактивните Хрватки, но не е тајна дека ја користи магијата на естетската хирургија.

фото инстаграм/Николина Пишек

Таа отворено ги прифаќа нападите, а вели дека не ја допираат критиките упатени на нејзина сметка, кои во неколку наврати јасно ги кажа.

фото инстаграм/Николина Пишек

– Луѓето коментираат, тоа е сосема нормално. Не се мешам во тие коментари, ниту сакам да се оправдам ниту имам што да се правдам, изјави Николина за магазинот ИН во 2017 година.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

Со текот на годините таа значително се менуваше, но до ден денес остана верна на својата долга коса која со текот на времето стана нејзин заштитен знак.

фото инстаграм/Николина Пишек

Николина има две ќерки, постарата Хана ја доби со новинарот Марко Цигој, а и по бременоста и породувањето не и требаше многу за да се врати во форма.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

Неколку години подоцна, Николина се омажи за српскиот колекционер и Видоје Ристовиќ, со кој во 2014 година ја доби ќерката Уна.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

За жал, Видоје ненадејно поч-ина во мај годинава, а Николина останала вдовица. Иако тагуваше одреден период, Николина веќе изгледа добро и пробува да се соочи со реалноста дека нејзината љубов повеќе ја нема.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

Таа често патина својот Инстаграм профил објавува стари фотографии на кои е со покојниот сопруг проследени со емотивни пораки со кои докажува колку и недостасува.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

Не може да го преболи…

Пишек неодамна проговори за тешкиот период низ кој поминува изминатите неколку месеци, откако го загуби сопругот Видоје Ристовиќ.

фото инстаграм/Николина Пишек

Николина не можеше да ги задржи солзите кога почна да зборува за Видоје, а откри дека се чувствува како нешто да сокрила.

фото инстаграм/Николина Пишек

– Извинете, гласот ми трепери малку – започна Николина, а потоа откри како се справува со тоа што сега е вдовица.

фото инстаграм/Николина Пишек

– Што и да правам и како и да се поставам, ќе добијам одредена осуда од некоја страна. Па мислам дека ова е позиција, вдовица, која во исто време треба да се носи со страшна загуба… Како да носам некаква вина, како нешто да сум криела – изјави таа за телевизијата Уна.

фото инстаграм/Николина Пишек

Николина не криеше колку и е тешко поради загубата, а како одговор на сето ова јавно преку медиумите се расправаше со свекорот Миша Гроф и за наследство и за други теми.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

Тој во една прилика ја осуди дека и го одземала Видоје на својата пријателка Катарина Радивојевиќ.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

– Николина и Катарина Радивојевиќ беа едни од најдобрите пријателки, а Видоје со Катарина беше во врска нешто помалку од две години. Николина го запознала како момче на нејзината другарка и го украла од неа, а биле неразделни. О, Боже, зошто не остана со неа. И да, ја расипа таа врска и се омажи за момчето на нејзината пријателка… Катарина ја видов двапати, беше прекрасна и многу воспитана – изјави тогаш Миша Гроф за Курир.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

Имено во медиумите излезе веста дека на водителката и се важни само парите, а причината е нејзината алчност.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

Според него, Николина инсистирала што поскоро да ја доврши куќата што ја градат, бидејќи нејзиниот прв приоритет е да си обезбеди удобен живот.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

Во својата исповед за српска Република, Миша Гроф рече дека Видоје постојано и праќал пари на Николина за да располага со нив, дека го издржувал целото нејзино семејство и дека Пишек сега се обидува да продаде се што постигнал уметникот само за да добие дополнителни пари.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

– Николина е болна жена. Таа жена повторно дојде во Белград само за пари. Дојде да ја доврши куќата, не чекаше ни 40 дена да се одбележат од син ми. Нејзе ѝ беше важно само куќата на која работеа да е завршена. Таа рече дека Видоје би го сакал само тоа најмногу на светот. Се обидов да и објаснам и да и речам: „Николина, син ми не се олади, не стигна официјалната обдукција, а ти би сакала пари за куќата! Таа куќа за која инсистираше да се доврши, таа го уби“. Таа бара тетратки во кои водел евиденција. Тој сакаше да има увид во сè. Битно е што е потрошено, што е важно што умре Видоје. Првата сопруга на Видоје Лана е магија од жена. Таа доаѓа да ме посети, а Николина само ја влече за ракав за да и прави друштво. Што друго да прави кога ќе дојде во Белград – рече Миша.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

Во грозоморната исповед, тој открил дека Николина Пишек управувала со парите додека Видоје бил жив, бидејќи тој и праќал пари на сметка во Хрватска. Тој исто така тврдеше дека неговиот син го издржувал целото семејство на Николина.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

– Видоје преку банката ги префрлил сите пари на сметките на Николина. Имаше на располагање, трошеше колку сакаше. Во ова невреме не доаѓа предвид да се изградат толкави куќи и да се вложат пари во стотици квадрати. И на син ми му дадов пари, но не сметав дека ќе потроши се без ограничувања. Градат замок, покојниот Туѓман немал толку куќи. Имам изводи од банка и гледам како син ми испраќал пари во загрепските банки. Тоа се ужасно големи суми. Ги имам и сите фази од работите на таа куќа што ја изградија. Само дневната соба има 200 квадрати, има спортски сали, базени и чуда. Замислете кога Видоје купи автомобил за неа и нејзиниот брат, кој ништо не прави! Тој е најголемиот неработник, син ми го издржуваше целото семејство! Знајте дека ум-рев денот кога син ми почина – рече Виктор.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close