Кафе муабет
Доволно ја понижи: Сопругата на Илиќ повеќе не може да издржи- поради неверството владее хаос во семејството
Илиќ кажа дека мажите се позависни од жените...
Бракот на Мирослав Илиќ со години е под будното око на медиумите. Врската помеѓу пејачот и неговата сопруга Гордана, со која има две деца, стана особено интересна кога се дозна дека пејачот ја изневерил сопругата со Мирјана Антоновиќ и дека со неа го добил синот Девин.
Мирослв долго време се влечеше по судовите поради ова. Се трудел максимално да докаже дека тоа не е вистина, и дека Девин не е негов наследник, на крајот морал да го признае татковството.
Во текот на целиот процес, фолкerot се повлече од јавноста, ретко се појавуваше како гостин во емисии, речиси и да не даваше интервју за новинарите, а новинарите можеа да го сретнат само при влегување и излегување од судницата.
Бидејќи случајот е завршен и веќе нема што да крие, музичарот реши да воспостави пријателски однос со медиумите гостувајќи во телевизиска емисија во која се зборуваше за машко-женските односи и кој е психички и физички посилeн мажите или жените. Илиќ во неколку наврати убаво зборуваше за жените, а потоа сосема спротивно од она што жените би сакале да го слушнат, со духовит тон се разбира во продолжението на презентацијата ја отпеа својата песна „Nije život jedna žena“, а исто така се пошегува дека се плаши дека поради се што рекол како ќе го пречека сопругата дома.
– Бидејќи до ден денес сум романтично магаре, морам да кажам дека мажите не се силна страна, на која било возраст – рече Илиќ, додавајќи дека во зрелите години жените им се повеќе потребни на мажите отколку тие на нив.
Бракот на Мирослав Илиќ издржа многу, а се верува дека ќе го издржи и ова гостување и хумористичните изјави на пејачот.
Борбата за докажување на татковството на Мирослав Илиќ над синот на Мирјана Антоновиќ, Девин, траеше со години, а пред извесно време судот донесе пресуда со која се потврди дека Мирослав е татко на Девин.
Но, и по изрекувањето на пресудата, Мирослав ја отфрли одлуката за татковство со јасен став дека никогаш нема да го признае својот вонбрачен син.
Меѓутоа, Девин многупати во јавноста зборувал за тоа дека нему како возрасен и стаблиран човек повеќе не му треба татко и дека неговата борба е всушност борба за вистината.
– Не чувствувам никаква разлика по завршувањето на судењето. Сигурен сум дека ова не е крајот. Го мразам целиот овој процес. Овој тип на публицитет најверојатно му одговара на Мирослав. Да не беше така, оваа фарса одамна ќе беше завршена. Сето ова е несфатливо – рече тогаш Девин и додаде:
– Вистината е една и од неа не може да се избега. Повеќе не ми треба татко во мојот живот и благодарен сум што отсекогаш имав храбра и посветена мајка со челични нерви. Но, поради таквиот лош закон, каде што судството е врзано со лисици, страдаат многу мајки и деца.
Во знакот на борбата за вистината, Девин Антоновиќ се огласи преку „Фејсбук“ профилот на неговата мајка Мирјана, за да ги повика сите кои го поддржуваат во оваа борба да го сменат законот за ДНК во Србија – за неговата победа да биде комплетна.
Оваа порака индиректно испратена до Мирослав е уште еден доказ дека неговиот вонбрачен син израснал во неверојатен човек, борец за човекови права, но и човек кој сака целосно да ја докаже вистината и цел свет да дознае кој е неговиот татко.
Од моментот кога поднеле тужба за татковство против Мирослав Илиќ, Мирјана и Девин Антоновиќ тврделе дека не ги интересира никаков имот, ниту пак сакаат финансиска корист од пејачот.
Нивната единствена цел, велат тие, била да го утврдат потеклото на Девин.
Имајќи предвид дека Девин води речиси луксузен живот во Америка, кој самиот си го обезбедил, би се рекло дека мајката и синот ја кажувале вистината.