Кафе муабет
Со неа ја изневеруваше БРЕМЕНАТА СОПРУГА, а потоа се шпекулираше дека и НЕА ја изневерил: Еве што се случува со омилениот турски пат- фановите загрижени!
Нема докази за неверство...
Бергузар Корел и Халит Ергенч се еден од најпознатите актерски парови, кои со години се на релација Турција- Англија, а иако постоеја претпоставки дека засекогаш ќе се преселат во Лондон, тие ги израдуваа своите обожаватели со една вест.
Бергузар Корел и Халит Ергенч се во брак од 2009 година, ги имаат синовите Али и Хан кои се родени на 8 март 2021 година, на Меѓународниот ден на жената а минатата година ја добија ќерката Лејла.
Љубовната приказна на познатиот пар започна за време на снимањето на серијата „Илјада и една ноќ“ во 2006 година. Во оваа серија актерката ја глумеше Шехерезад, додека нејзиниот сопруг ја доби улогата на Онур Аксал.
Во интригантна теленовела тие глумеа заљубен пар, а потоа нивната љубов процвета и надвор од камерите.
Познатата Шехерезада (40) и 12 години постариот колега се запознале додека тој бил во брак со актерката Гизем Сојсалди. Поради својот брачен статус, актерот прво ги криел чувствата кон Бергузар, а потоа приказната за нивната врска станала јавна. Според турските медиуми, Гизем поради неверството на нејзиниот сопруг со Шехерезад го абортирала нивното дете.
И Бергузар била зафатена кога го запознала Халит, па ја прекинала долгогодишната врска поради чувствата кон него. Бурниот почеток на врската беше само навестување на турбуленциите што го следат нивниот брак.
Штом ја прифати насловната улога во серијата „Сулејман Величествениот“ во 2011 година, почнаа гласини дека тој ја изневерува сопругата.
На списокот на актерки со кои наводно имал афера се најде Џансу Дере, која во серијата ја играше робинката Фируза. Се пишуваше дека имало „премногу хемија“ меѓу поранешната мис на Турција и актерот.
Бергузар ја коментираше наводната прељуба, велејќи дека сето тоа е лага и дека Џансу е нивна блиска пријателка.
Многумина причината поради која актерката се уште се сомнева во верноста на нејзиниот сопруг ја пронашле во нејзините чести патувања на сетот, а дури и Халит изјавил дека неговата сопруга е љубоморна и дека тој целосно ја разбира поради тоа.
Секако, во неговите изјави имаше и доза на хумор, но некои не се шегуваа кога и рекоа дека и на неа може да и го направи истоот што и на претходната партнерка. Тие совети беа особено гласни откако почна да се шпекулира дека Сулејман паѓа на шармот на Хурем (Мерем Узерли), дури и надвор од снимањето.
Немаше докази за прељуба, но познато е дека парот подоцна посетил брачен терапевт по нејзин предлог.
Без разлика дали тоа е правило кое ги следи славните парови или не, често се шпекулираше дека бракот на Бергурзар Корел и Халит Ергенч е во криза.
Засега сè останува горе-долу на празни зборови, славните сопружници минатото лето уживаа на Малдиви.
Бергузар откри дека ќе работи на снимање на нова серија.
“Само што почнав да ги читам сценаријата. Ако има работа која ќе предизвика возбуда во вистинскиот момент, можам веднаш да почнам”, открила актерката на Инстаграм и ги воодушевила фановите.