Кафе муабет

Убавата Шехерезад непрепознатлива: Ја смени фризурата и не личи на себе- одлично и прилега!

Реши да ја змени бојата...

Бергузар Корел или позната како Шехерезад, е една од омилените турски актерки, но се повлече од малите екрани, за да се посвети на семејството. Таа има три деца, со нејзиниот сопруг Халит Ергенч, популарната турска ѕвезда, кој се прослави во улогата на Сулејман Величествениот.

фото инстаграм/ Бергузар Корел

Сепак, и покрај тоа што подолго време не се појавува на малите екрани се чини дека нејзината слава не опаѓа, бидејќи медиумите постојано пишуваат за неа. Сега главна тема беше нејзината фризура.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Имено таа сподели фотографија на Инстаграм па од армијата на обожаватели доби само пофални зборови.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Повеќе од два милиони следбеници уживаат во фотографиите на убавата Шехерезада, нејзиниот сопруг и нивниот заеднички дом.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Сега актерката препознатлива по својата коса, се осмели да направи голема промена – ја обои густата, темно кафеава коса и ги исече шишките.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

– Повторно го направив тоа, напиша на шега Бергузар, која и претходно знаеше да ги изненади следбениците со промени.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Најдрастично беше кога ја ишиша долгата, бујна коса и тогаш беше снимена последната епизода од серијата „Ти си мојата татковина“.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

За да го зададе „последниот удар“ и да се раздели со улогата на Азизе, сопругата на Халит ја скрати косата.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Ова шокираше многумина, бидејќи нејзината коса не беше само нејзин заштитен знак, туку и извор на приход, благодарение на профитабилните реклами што ги сними со неа.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм
ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Сепак, сите се согласуваат дека новата боја и стои одлично, а фризерите не потсетуваат дека фризурата е најбрзиот начин за подмладување!

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

На крајот на минатата година парот го доби третото дете, девојчето на кое и го дадоа името Лејла. Покрај Лејла, тие ги имаат и синовите Али и Хан.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Нивната приказна ја следеа скандали, но и покрај се љубовта победи.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Имено, Бегузар Корел и Халит Ергенч стапнаа на „лудиот камен“ во 2009 година, веднаш по завршувањето на снимањето на серијата „Илјада и една ноќ“, каде што се запознаа.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Таа блесна во романтична венчаница со ремен украсен со цветни мотиви, раскошен вел и потпис на познатиот турски дизајнер Хакам Јилдирим.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

По церемонијата, парот со гостите замина во свечената сала на екстравагантниот хотел „Les Ottomans“ во областа Бешикташ, на европскиот брег на Босфор.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

За нивниот меден месец, тие го избраа Париз, градот во кој отидоа на првото заедничко патување во 2008 година, откако извесно време бегаа од снимањето.

Фото Инстаграм/Бергузар Корел

Младата Шехерезада на само 23 години влезе во романса со 12-години повозрасниот Сулејман, кој направи неочекуван потег кога ја запознал.

Фото Инстаграм/Бергузар Корел

Имено, Халит беше во брак со актерката Гизем Сојсалди, која ја остави поради Бергузар, додека таа го чекаше нивното дете. Халит по девет месеци се развел од сопругата, која тогаш била бремена, а бидејќи Гизем не можела да го издржи фактот дека е заљубен во друга, таа решила да ја прекине бременоста, а веста беше главна тема во турските медиуми до пред неколку години.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Исто така, по патувањето на Шехерезад и Сулејман во Париз во 2008 година, сè се смени, а младата актерка потоа ја прекина долгогодишната врска и го остави партнерот поради колегата без многу помпа.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Иако во медиумите на големо се пишуваше за нив, дека бракот им е пред paспад, сепак двојката ги надмина несогласувањата или пак се работеше за дезинформации.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

– Не се согласуваат околу многу работи. Најлошо е што Халид не сакаше друго дете зошто се смета за премногу стар, а неговата сопруга го наговарала на тоа речиси две години. Кога останала бремена, бил пресреќен, но откако се породила, целосно му се посветила на детето и тој се нашол запоставено и заборавено. Одлучиле да се разијдат на неколку месеци, а после тоа ќе одлучат дали засекогаш ќе се разделат, рече извор близок до двојката. Наводно 50-годишниот Халит веќе почнал да се допишува со друга жена за која турските медиуми наведуваат дека е многу популарна и важи за една од најголемите актерски надежи во Турција.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

-Му недостасува страст и жар, а сопругата го одбива. Едноставно, ја снема хемијата, таа воопшто не се труди тоа да го поправи, а тој има потреба како и сите други, додаде извор.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Многумина актерот го осудија поради ова и патем му упатија бројни негативни коментари.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

– Да, најлесно е да се отиде кога е тешко и да се пронајде друга жена која ќе ги задоволи твоите интимни потреби и апетити. Многу бедно“, напиша една негова доскоро, верна обожавателка.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Халид тогаш истакна дека нивниот брак е среќен и дека најмногу се грижеле за тоа како да се заштитат од вирусот Корона.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close