Кафе муабет
Позната причината за раскинувањето на најубавиот турски пар: За се е виновна актерката која тој ја остави поради Ханде
Љубомората им пресуди...
Само што започна снимањето на популарната серија „Мириса на љубов“, нејзините главни актери Ханде Ерџел и Керем Бурсин не можеа да одолеат еден на друг.
Керем пред да ја сретне убавата Ханде бил во среќна врска, а како што пренесуваат медиумите, тој наводно не можел да и одолее на актерката, посебно по големиот број романтични и интимни сцени што ги снимале заедно. Парот и покрај тоа што ги демантираше таквите гласини, фотографиите што и двајцата ги објавија на социјалните мрежи ги разоткрија.
Керем тогаш поради Ханде ја остави својата убава девојка, познатата турска актерка, Демет Оздемир.
Додека Керем и Ханде ги воодушевуваа сите со нивната романтична врска зад камерите, нивното раскинување растажи многумина. Турските медиуми наведуваат две можни причини поради кои популарната актерска двојка раскинала.
Првата причина за раскинувањето звучи како вистинска теорија на заговор, според која нивното раскинување е спонзорирано од менаџери кои не ја гледале нивната врска како профитабилна и корисна за нивните актерски кариери.
Втората причина е веројатно поточна. Керем доби нова улога во серијата што требаше да ја сними со поранешната девојка Демет Оздемир, која, всушност ја напушти токму поради Ханде. Проблемот беше што веста стигна до Ханде пред самиот Керем да успее да и каже. Љубомората кон неговата поранешна девојка беше очигледно посилна од довербата кон Керем.
Инаку, Ханде која кариерата ја започна како модел, во центарот на вниманието се најде неодамна која странските медиуми ја споија со Бред Пит. Наводно, за неа пишуваа дека популарниот холивудски актер не можел да и одолее, а американските медиуми пишуваа како 57 годишниот Бред откако прв пат ја видел како глуми во една од нејзините улоги се воодушевил и од тогаш често го посетувал нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
„Доста му е од жените во Холивуд, се обидува да дојде до Ханде, но не сака да го направи тоа преку социјалните мрежи бидејќи така не се чувствува безбеден“. Наводно до Ханде стигнала информацијата дека Бред е маѓепсан од нејзиниот шарм и тоа навистина и годи. Кога имала 16 години била вљубена во него и сега не може да поверува дека ја забележал.
„Сигурен сум дека ќе отидат на заедничка вечера“, изјави тогаш извор за странските медиуми.