Кафе муабет

Тато, НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ! Тажна вест за здравјето на Боба Живојиновиќ- се огласи најмалиот син Виктор (ФОТО)

Загрижени поради неговото здравје...

Виктор Живојиновиќ, синот на Боба Живојиновиќ и Лепа Брена, наводно е многу загрижен за здравјето на својот татко, поранешниот легендарен тенисер.

фото инстаграм/Лепа Брена

Причина за тоа е зголемената телесна тежина на Боба, која во согласност со тоа што поранешниот тенисер премногу работи на проширување на семејната империја, може да му направи опасни проблеми , пишува магазинот „Свет“.

фото инстаграм/Лепа Брена

Најмладиот син на Боба Живојиновиќ, кој претходно и самиот имаше проблем со килограмите е многу загрижен за својот татко.

фото инстаграм/Лепа Брена

– Виктор ја наследил генетиката на својот татко, лесно се дебелее, но благодарение на силната волја успеа да ослабне и сега изгледа совршено. Се храни здраво, алкохолот го сведе на минимум при излегување, а редовно тренира. Тој често го задева својот татко за неговиот голем стомак и му вели дека треба да ослабе. Тој му вели дека ќе си го уништи здравјето, дека мора да се грижи ако сака долго да живее, но и дека мора да мисли на членовите на семејството. Боба, пак, не се грижи премногу – раскажува за „Свет“ пријател на семејството Живојиновиќ и додава дека и синот на Боба Живојиновиќ се грижи што тој не ги сфаќа сериозно предупредувањата.

фото инстаграм/Лепа Брена

– Кога зборуваат за исхрана, за тоа што лекарите велат за дебелината, за ризикот од сало околу половината, Боба се смее, а понекогаш и се нервира и им пререкува или ја менува темата. Брена се храни беспрекорно, но менито не може да го прилагоди на Боба бидејќи тој е голем гурман и исклучително добар готвач, па подготвува оброк што тој го јаде . Дури и некои професионални готвачи не му се ни до колена. Човекот е виртуоз во кујната и сите нивни пријатели едвај чекаат да ги покани на вечера. И колку сака да готви, толку ужива да јаде – објаснува за „Свет“ семеен пријател.

фото инстаграм/Лепа Брена

И Брена загрижена за неговото здравје

Сопругот на Лепа Брена со години се бори со килограмите, а поради дебелината го доведе и своето здравје во опасност, а изгледот на Боба Живојиновиќ особено ја загрижува неговата поубава половина.

фото инстаграм/Лепа Брена

Боба во неколку наврати и ветил на Брена дека ќе се грижи за исхраната, но очигледно се вратил на старите постапки и покрај бројните диети и режими, повторно се здебелил десет килограми бидејќи, според пишувањата на медиумите, се крие од неговата сопруга.

фото инстаграм/Лепа Брена

Пред извесно време тој се појави на еден настан, па изгледот на Боба Живојиновиќ изненади многумина, а како што пишува „Стар“ тешко се движи поради дебелината.

Ata Images

Освен што се бори со килограмите, Боба им се пожалил на пријателите и дека сопругата повеќе не сака никаде да се појавува со него.


– Таа вечер беше придружуван од неговиот најстар син Филип, кој е единствениот што оди со него по потреба. Се шушка, дека Брена се налутила и му рекла дека ако не ослабне, јавно ќе го критикува! Таа многу се грижи за неговото здравје, а поради килограмите има проблеми и со холестерол, шеќер и масти, што не е добро. Не јаде ништо пред Брена, а потоа тајно јаде се што не треба. Постојано го критикува и се нервира, бидејќи како поранешен спортист треба многу повеќе да се грижи за своето здравје, но не вреди. Таа се плаши за него, тој станува побавен и сè му е некако тешко, а имаат и многу бизниси што ги започнале. Ако не се вразуми, како што и кажа, таа му се закани дека ќе го остави на овие години– открил за „Стар“ извор близок на Живојиновиќ.

фото инстаграм

Стравовите на најголемата балканска ѕвезда очигледно се оправдани, а времето ќе покаже дали Боба ќе ги прифати добронамерните совети на блиските и повеќе ќе се грижи за своето здравје.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close