Кафе муабет
“Со него го имам најдобриот сeкс во животот”: Оваа 83 годишна баба ужива во љубовта со својот 37 годишен дечко- тој ја подмладува!
Сака да се венчаат...
83 годишната Ирис стана вирален хит откако јавно се пофали дека користела цела туба за подмачкување за време на нејзината прва страсна ноќ со своето момче, велејќи дека се чувствувала како да јава коњ.
-Сега го имам најдобриот секс во мојот живот, вели Британката Ирис Џонс која неодамна ја прослави третата годишнина од врската со нејзиното момче Мохамед Ахмед Ибрихам.
Бабата не крие дека најдобриот се-кс во животот го има со нејзиниот 37 годишен љубовник и три години по почетокот на нивната необична романса нивниот љубовен живот се уште е фантастичен.
– Не очекував на оваа возраст да го имам најдобриот секс во животот, но секако не се жалам. Мохамед ме одржува млада, особено под чаршафите – рекла таа.
Минатата година Ирис веќе ги шокираше следбениците на социјалните мрежи со изјавата дека нејзината омилена поза е „кучешка“.
Таа го запозна Мохамед на Фејсбук во 2019 година.
– Мојата кожа е чувствителна. Мора да внимава кога ќе ме „грабне“. Мора да ме гледа бидејќи кожата на моите нозе е многу, многу тенка. Кога станува збор за водењето љубов, тоа може да биде болно. Можев да завршам во итната медицинска помош со исеченици по телото, но тој проблем го решивме бидејќи понекогаш тоа го правиме на „кучешки“ начин – објаснува Ирис.
Пензионерката се прослави откако се пофали дека потрошила цела туба лубрикант за време на првата страсна ноќ со своето момче, пренесува The Sun.
– Беше прилично грубо. Го искористивме целото пакување. Следниот ден не можев да одам. Се чувствував како да јавам коњ. Во секој случај ми помина – рекла бабата.
Инаку Ирис Џонс која има 83 години, пред 40 години се развела од својот сопруг со кој има две деца, Стив (54) и Дарен (53).
Ирис, сега стана вистински хит откако изјави дека се заљубила во Мохамед и дека со него наскоро планира да се венча.
Ирис вели дека имаат многу заеднички нешта, и првично тоа ја привлекло кај Мохамед.
– Првата вечер, беше жестоко. Суровата вистина е дека никој не ми приоѓаше 35 години. Се чувствував како да сум девица. Мојот поранешен сопруг постојано велеше дека сум ладна, а тоа ми го рече и кога се разведовме пред 40 години, но сега сигурно знам дека не вистина. После првата вечер со Мохамед знаев дека тој е вистинскиот за мене рече таа, во британската утринска програма на телевизијата ИТВ.
Ирис тогаш откри дека по првата вечер, уште неколку пати се состанала со Мохамед, а по четири дена решиле да се венчаат но не успеале бидејќи Мохамед немал вистински документи.
Бабата искрено проговори за тоа што мисли нејзината ќерка за оваа врска, и вели дека Дарен изразила загриженост за неа, бидејќи според неа нејзината мајка е само играчка во рацете на 37-годишниот Мохамед од Египет кој сака само пари.
-Тој е без работа, дојде од Гиза и тврди дека бил принуден да ја напушти работата откако неговиот шеф одбил да му даде пауза за да ја посети Ирис.
Ирис вели дека и покрај неуспешниот обид, ќе направи се за да се венча со Мохамед, бидејќи според неа, целиот живот го посветила во тоа да им удовли на другите, па сега сака да даде приоритет на својата среќа.
Двојката е решена Мохамед да дојде и да живее во Велика Британија, но неговата туристичка виза е одбиена поради недостаток на заштеда. Вљубената Ирис, вели дека по венчавката ќе се пресели во Египет за да живее со нејзиниот нов сопруг ако му биде одбиен престојот во Велика Британија.