MAMA

Пoчина кученцето што влезе во Гинисовата книга на рекорди – имаше 22 години и цел живот јадеше само храна за мачки

Пеблс починала на само 5 месеци пред нејзиниот 23ти роденден

Најстарото живо куче на светот кое јадело храна за мачки и родило 32 кутриња, почина на само неколку месеци пред наполни 23 години.

22 годишната Пеблс, минијатурен Фокс Териер, почина во понеделникот од природни причини во домот на нејзините сопственици Боби и Џули Грегори во Јужна Каролина.

ФОТО: Принскрин/Инстаграм/пеблссинс2000

-Таа беше сопатник од оние кои ги добиваш еднаш во животот. Ни беше чест и благослов што ја имавме за наше милениче-рече нејзината газдарица Џули Грегори.

-Не постои личност која ја запознал Пеблс а не ја засакал-додаде таа.

ФОТО: Принскрин/Инстаграм/пеблссинс2000

Пеблс влезе во Гинисовата книга на рекорди за најстаро куче во мај, неколку недели откако 21 годишната Шкотска чивава со име Тоби Кит е наградена со ова признание.

Боби и Џули сфатија дека Пеблс е постара, ја потврдија нејзината старост и поднесоа за рекорд и го превземаа местото на Тоби Кит само неколку недели подоцна.

ФОТО: Принскрин/Инстаграм/пеблссинс2000

-Боби седеше на софата, кога голем број пријатели и роднини почнаа да му испраќаат пораки и да му се јавуваат кога ја виделе приказната за 21 годишното куче кое влегло во Гинисовата книга на рекорди-изјави Џули за Гинис.

Сега откако Пеблс почина, Тоби Кит, повторно ќе ја поврати својата круна за најстаро живо куче на светот.

ФОТО: Принскрин/Инстаграм/пеблссинс2000

Пеблс е родена во Лонг Ајленд, Њу Јорк, пред да биде преселена на југ во 2007ма година.

Кога нејзиното семејство ја посвоило, всушност тие имале друг план. Сакале да посвојат многу поголемо куче. Се се сменило кога само ја виделе и веднаш се вљубиле во Пеблс, која тогаш била тешка нешто помалку од 2 килограми.

ФОТО: Принскрин/Инстаграм/пеблссинс2000

За време на својот животен век Пеблс родила 32 кутриња со својот партнер Роки кој починал во 2017 година на возраст од 16 години.

Во 2012 година ветеринарот ја префрлил Пеблс на храна за мачки затоа што таа храна содржи повеќе протеини и од време на време уживаше кога ќе биде наградена со награда од ребра.

ФОТО: Принскрин/Инстаграм/пеблссинс2000

Уживала да слуша кантри музика и уживала во топли бањи, според нејзиното семејство.

Најстаро куче на светот кое некогаш живеело се смета Блуи, Австралиско куче, кое живеело 29 години.

Блуи починал во Австралија во 1939 година.

ФОТО: Принскрин/Инстаграм/пеблссинс2000
ФОТО: Принскрин/Инстаграм/пеблссинс2000
ФОТО: Принскрин/Инстаграм/пеблссинс2000
ФОТО: Принскрин/Инстаграм/пеблссинс2000
ФОТО: Принскрин/Инстаграм/пеблссинс2000
ФОТО: Принскрин/Инстаграм/пеблссинс2000
ФОТО: Принскрин/Инстаграм/пеблссинс2000

Извор: Дејли Меил

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close