Кафе муабет

Го одгледа синот на Сузана како свој а тој вака му враќа: Саша Поповиќ откри се за односите со Даниел, ова никој не го очекуваше!

Благодарен е за се што направил за него...

На јавноста и е добро познато дека Саша Поповиќ не е вистински татко на Даниел, но тој синот на Сузана кој пејачката го има од првиот брак, го призна и го прифати како свој.

ФОТО: Саша Поповиќ / Инстаграм

Кога во мај Даниел, се ожени со својата долгогодишна девојка Тијана, покрај мајка му и сестрата Александра, друштво му правеше Саша Поповиќ, кого го смета за свој единствен татко.

ФОТО: Саша Поповиќ / Инстаграм

Саша секогаш потенцираше дека не прави разлика меѓу Даниел и Александра.

ФОТО: Саша Поповиќ / Инстаграм

‒ Сузана ми е најдобра другарка и десна рака. Се консултирам со неа за се. Кај нас живее и Даниел, нејзиниот син од првиот брак. Со нас е од осумгодишна возраст. Прво се запиша во средно политехничко училиште, но кога видовме дека не го интересира, го запишавме и го префрливме во музичко, а потоа во училиште за тонска режија. Добро му одат компјутери, миксети и звук. Тој фантастично свири на клавир и гитара, а секоја песна на „Ѕвездите на Гранд“ ја подготвува или тој или Жика Јакшиќ – изјави еднаш Саша Поповиќ.

фото принтскрин

‒ Даниел на почетокот беше малку збунет, но јас го третирав како вистински татко. Го сакав, како што тој мене, и го сметам за мое дете. Го сакам затоа што е добро, културно и воспитно момче, а најмногу ме фасцинираше неговата благодарност што така го прифатив. Никогаш не сум имал конфликт со него. Имав со Александра, но тој никогаш не ми даде причина за тоа. Секогаш прави се што барам од него, а јас морам да ја молам Александра за да ме слуша. Но, кога ќе рече: „Тато, донеси ми сок“, веќе по нејзиното прво предупредување станувам и и го носам, рече Поповиќ во една прилика.

Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ

Да потсетиме, Сузана Јовановиќ на 17-годишна возраст, се омажи за својот прв сопруг, хармоникаш, на кого му роди син Даниел, на 18-годишна возраст.

фото инстаграм/Саша Поповиќ

Сепак, оваа љубов не траеше, па Сузана се разведе само по седум месеци откако се породи и се врати во семејната куќа.

фото инстаграм/Сузана Јовановиќ

За време на овој краток брак, таа го роди синот Даниел, на кого нејзиниот втор сопруг Саша Поповиќ секогаш му беше како татко.

фото инстаграм/ Сузана Јовановиќ

– Кога се разведовме јас и неговиот татко, тој имаше седум месеци, па затоа и не знаеше што се случува. Никогаш не сум рекла ништо против неговиот татко, верувам дека Бог ќе ни суди на сите еден ден и дека секој ќе го добие заслуженото во животот. Ја имавме таа среќа, или несреќа, што таткото на Даниел воопшто не праша за него. Дури кога Даниел започна основно училиште, неговиот татко се сети да се јави и да праша за здравјето на неговиот син. Од друга страна, Даниел исто така не праша никогаш за неговиот татко, тој едноставно не чувствуваше потреба. Мојот син и јас сме пријатели, тој знае дека секогаш може да смета на мене и на Саша- рече во една прилика Сузана за „Стил магазин“.

фото инстаграм/ Сузана Јовановиќ

– Зборот очув звучи навистина застрашувачки, но во нашата семејна ситуација атмосферата е сосема поинаква. Сале има кажано за Даниел безброј пати дури и во негово присуство дека го чувствува како роден син.

фото инстаграм/ Сузана Јовановиќ

-“Како да е мој син, жал ми е што не сум неговиот вистински татко”. Тој е многу горд на него и работат заедно во студиото. Ако еден маж може да ве” купи ” во животот, тогаш тоа е кога тој ќе го прифати твоето дете од неговиот прв брак. Тоа беше подобро и од тоа да добиев седмица на лото. Тој воопшто не ги дели Александра и Даниел. Обајцата се наши деца, рече Саша Попович во една прилика.

фото инстаграм/Сузана Јовановиќ

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close