Кафе муабет
Таткото на Адам ги шокираше сите: Кажа што мисли за конфликтот со Урош, чудно му е што е сам а девојките секогаш трчале по него-ЕВЕ ШТО МУ ПОРАЧА!
Адам е учесник во шестата сезона на реалното шоу Задруга...
Македонецот Адам Лабунски е актуелниот учесник во новата, сезона на реалното шоу Задруга. Имено тој пред извесно време се најде во конфликт со еден од учесниците.
Поради својот специфичен изглед, уште на самиот старт остави впечаток но сепак дојде во конфликт со Урош Чертиќ поради неговото „претерано пеење“ па тогаш Адам се соочи со непријатни ситуации, кога Урош му откина прамен од косата а потоа целата гардероба му ја фрли во ѓубре.
На ова Адам не остана имун, па со солзи во очите се обрати до продукцијата и молеше да си замине бидејќи не може да поднесе таков притисок.
Ибро Лабунски, кој воедно е и негов татко но и ментор, некој кој му дава неизмерна поддршка и со чија помош Адам го трасира патот до ѕвездите, реши да даде свое мислење за сето она што се случи во Задруга, па за порталот Pink.rs кажа што мисли за учеството на неговиот син во ова шоу.
-На самиот почеток не бев за тој да влезе во реалното шоу бидејќи се грижев како ќе се снајде. И самиот сум музичар, знам како оди кога ќе почнеш од нула. Во Македонија сум познат, а во Србија не. Кога го повикаа, бев против, бидејќи мислев дека нема да се снајде со „белградските волци“. Адам на самиот старт беше и за и против, но сепак се проби и влезе во величествениот имот… Тука живееме веќе 4 месеци за да го поддржиме и да му помогнеме да ја освои Србија. Мислев дека “Задруга” ќе му помогне и ќе го популаризира, а знаеме колку значи само да се појавиш на ТВ Пинк, а неговиот почеток беше на ѕвездите на Пинк…
-Иако сум му татко и ментор, бидејќи го научив се што знае за музиката, не сум пристрасен. Можеби не е најдобар пејач, но како пакет е квалитетен. За време на натпреварот „Пинкови ѕвездички“ за тоа проговори и самата Цеца која го пофали како комплетен изведувач. Би сакал да не е ‘анонимен’, познат сум во Македонија, но не и во Србија, што не би сакал да биде случај со него. Навистина би сакал да успее во регионот. Го советував да не се жали, да пее кога ќе го побараат тоа од него.. Малку е досаден во таа смисла, пее и кога треба и кога не треба. Можеби Урош беше малку во право, бидејќи изгледа малку напорен од тоа секојдневно пеење. Навистина, иако сум му татко, сакам да бидам што е можно пореален кога е моето дете во прашање. Гледаме и следиме се што прави секој ден…
-Би сакал малку да се опушти, да биде спонтан и свој. Другите нека го бараат малку повеќе, а не да се наметнува. Девојките секогаш трчаа по него а сега нема, што ми е многу чудно, но верувам дека му треба малку време да разбере како треба да реагира во одредени ситуации бидејќи ова е почеток. Да бев јас внатре ќе беше поинаку бидејќи сепак имам повеќе животно искуство во се. Урош е силен говорник, но секако би знаел се да му кажам и објаснам во една реченица.