Новости
Анжелика Колева: Рaкoт на дојка ме инспирираше- “Фрагменти од едно постоење” ме претставува мене и сите жени кои водат битка со оваа болест!
Ова е нејзина шеста самостојна изложба...
Анжелика Колева важи за едно од најпознатите уметнички имиња кај нас. Иако помина низ тежок пат во борбата со ра-кот на дојка поради што остана без двете гради, таа не се откажа во ниту еден момент туку како што и самата вели се издигна како Феникс и успеа да го оствари својот сон.
Вчера, во “Концепт 37” Анжелика ја отвори својата шеста самостојна изложба ,,Фрагменти од едно постоење’’ а со тоа даде свој личен печат и ги преточи емоциите на среќа, тага, болка во уметнички дела во кој уживаа сите посетители.
На сите посетители на изложбата која ќе биде отворена до 25 септември таа им посочи наместо цвеќе, да дојдат со по некое парче школски прибор за дечињата на детската клиника за Онкологија
1. ,,Фрагменти од едно постоење’’ е вашата нова изложба, кој беше мотивот за неа, од каде инспирација?
-Инспирацијата за Фрагменти од едно постоење произлезе од моето патешествие наназад година и пол одкако го открив ра-кот на дојката. Целото мое лечење, емоции во тој период ги пренесував на платната. Некој вид како водење споменар но во нацртан облик.
2.Оваа изложба е посебна и особено значајна за вас, како реагиравте кога на отворањето се појавија сите драги лица?
-Секако дека бев и сум многу среќна што посетеноста на отварањето беше во голем број од драги луѓе,но и луѓе кои дојдоа што не ги познавам лично. За еден уметник многу е важно мислењето и критиките (позитивни и негативни) од секој кој што ќе ги погледне делата.
3.Борбата со ракот беше инспирација за изложбата, како се чувствуваше додека ја подготвуваше, си помисли ли некогаш да се откажеш, има ли дел од тебе во неа?
-Јас не сум личност која се откажува од било што. Најмалку би се откажала од тоа што го работам и луѓето кои ги љубам. Во овие дела се претставени сите мои емоции, и главен лик сум самата јас. Моите среќни,тажни моменти. Кога ќе ги погледнете ќе видите за што говорам и какви пораки пренесувам.Тоа сум јас,во секоја од нив.
4.Добивте внуче, станавте баба, колку таа улога ве промени во поглед на уметноста, добивте ли некои нови идеи во меѓувреме?
-Нема ништо поубаво од тоа што дојде на свет мојот внук. Нов живот, нова радост, најголема љубов за мене. Не само што ме инспририра во уметноста, тој ми го смени животот, дојде во вистински момент кога најмногу ми требаше позитивна енергија.Секојдневно ме исполнува со убавини, и баба е бескрајно благодарна што го има. Идеи безброј за чекорење и творење во иднина.
5. Каква порака носи ,,Фрагменти од едно постоење’’ ?
-Мојата порака во фрагментите од едно постоење би звучела вака: Анжелика Колева многу одамна има решено да каже се, да наслика и обои. Да се наслика себеси и другите како неа, дури и кога најмногу боли .Но секако ги собира парчињата кои се разлетале насекаде во едно битие и се воздигнува како Феникс. Се надевам ќе ја сватите мојата порака.