Кафе муабет
Партнерката на Ана Брнабиќ е вистинска убавица- Се појави во овој фустан и ги собра сите погледи!
Милица се грижи за стајлингот на Ана...
Врската помеѓу Ана Брнабиќ и Милица Ѓурѓиќ е многу интригантна за јавноста.
Српската премиерка кога и да се појави со својата партнерка е во центарот на вниманието па така беше и овој пат.
Ана и докторката не ја кријат љубовта, напротив премиерката на Србија секогаш е многу среќна и се чувствува убаво кога зборува за својата емотивна партнерка во медиумите, а речиси никогаш не заборава да го спомене и синот Игор кој е центар на нивниот свет.
Односот на Ана Брнабиќ и Милица Ѓурѓиќ е како и секоја друга врска, но поради некоја посебна причина се многу интересни за медиумите. Секоја нивна акција не може да помине незабележано.
Ана и Милица присуствуваа на приемот организиран од амбасадата на нордиските земји по повод Европрајд, а разговорот со шведската амбасадорка Аника Бен Давид и Дуња Мијатовиќ, комесар за човекови права, беше овековечен на фотографија, која стигна до медиумите.
Поддржувачите на Ана и сите останати по којзнае кој пат можеа да се уверат дека српската премиерка има одличен вкус за жени, дека нејзината избраничка, освен со интелигенција и сестраност, може да се пофали и со неверојатна убавина, но и со прекрасно чувство за мода.
Милица како и секогаш беше добро стилизирана, а за оваа пригода таа одбра бел свилен фустан и го искомбинира со модерни бели чевли.
Во една прилика Ана откри дека нејзината партнерка Милица се грижи за нејзиниот стајлинг.
„Не знам брендови. Милица ми купува се. Навистина не знам“, изјави таа во емисијата „Амиџи шоу“.
Свадбата на Ана Брнабиќ и Милица инаку е неизбежна тема која и по 15 години заеднички живот ја интригира јавноста, а неодамна се наметна во документарниот филм „Ana je tu“. Во авторската, всушност дипломска работа, на новинарот Адам Сантовац, а премиерката отворено зборуваше за ЛГБТ заедницата на која и припаѓа, а која, според мислењето на нејзините членови, не е доволно застапена, а се осврна и на денот на нејзината венчавка со Милица.
На новинарско прашање дали е точно дека во еден од градовите каде истополовите бракови се законски регулирани, Њујорк, Рочестер или Вашингтон, се заколнала на вечна љубов кон Милица Брнабиќ рече:
– Не, не е вистина. Слушнав и дека сме се венчале, но тоа не е точно. Во врска сме над 15 години, но не сме во брак. Последното нешто што би го направила е да си дадам поголеми права од кој било граѓанин на Србија. Јас никогаш не би го направила тоа. Тоа е спротивно на сите мои принципи. Верувајте, попрво би се убила – посочила премиерката која и покрај тоа што законски не го регулирала односот со избраничката ужива и прави планови за иднината.