Кафе муабет

Се “ценкале” за попуст: Од неа направив чудо изгледаше како да поминала покрај контејнер- модниот дизајнер удри по Пријовиќ и нејзиниот сопруг!

Саша Видиќ лут на Филип Живојиновиќ...

Познатиот моден дизајнер Саша Видиќ поради пари ја прекина успешната соработка со популарната пејачка Александра Пријовиќ!

фото инстаграм/Саша Видиќ

Како што пренесува српски Курир од извор близок до модниот креатор, раскинувањето на деловната соработка меѓу него и пејачката ја предизвикал сопругот на Александра, Филип Живојиновиќ, кој сметал дека услугите на Видиќ се прескапи, па побарал од него попуст.

фото инстаграм/Саша Видиќ

Оваа постапка го шокираше Саша, кој во тој момент реши да го прекине контактот и соработката со пејачката, чиј визуелен изглед целосно го промени.

фото инстаграм/Саша Видиќ

– Александра и Саша соработуваа успешно неколку години, но дефинитивната разделба меѓу нив настана поради Филип, кој почна да се распрашува за сите детали од нејзината кариера, вклучувајќи го и нејзиниот стајлинг. Двајцата добро работеа како тандем, тој ја стилираше за настапи во медиумите, често облекувајќи ја во костуми и фустани со неговиот потпис. Тогаш сите ја пофалија. Меѓутоа, проблем настанал кога Филип побарал од Саша да им даде попуст бидејќи сметал дека неговите услуги се прескапи. Кога го слушна тоа Видиќ полуде. Не го очекуваше тоа од нив. Веднаш го прекинал контактот со нив и ставил крај на таа соработка. Кога малку се олади, остана со Александар на „Здраво“ кога случајно се сретнаа некаде во градот, но веќе немаше контакт со Филип, бидејќи го смета за главен виновник за оваа ситуација – заклучува изворот.

фото Стори.рс

Тој истакна дека не е „Made in China“ и дека кај него нема попусти!

фото Ексклузива.ба

– Јас и Александра сме во добри односи. Се немам слушнато со неа откако ја прекинавме соработката, но добро сме. Јас работев на нејзиниот стајлинг и направив чудо од неа. Се беше одлично меѓу нас. Меѓутоа, тогаш Филип влезе во приказната и ми побара попуст! Еј, попуст! Па не сум „направено во Кина“ да им давам попуст. Познато е дека работам само со врвни материјали. Разликата е небо и земја, како изгледаше кога јас се грижев за неа и пред тоа –  изјави Саша.


– Сакам само Александра да изгледа скапо, чисто. Претходно изгледаше како да поминала покрај контејнер, покриена со некоја селотејп трака – изјави тогаш креаторот.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Во едно интервју за „Телевизија Курир“ пејачката откри интересни детали за бракот со Филип и кажа дека со него се консултира за се па дури и за облеката.

фото инстаграм/александра пријовиќ

– Воодушевен е кога ме гледа вака, ми вели дека изгледам одлично. Морам да го прашам за се и што и како мисли бидејки неговото мислење ми значи многу. Мислам, штом го гледам материјалот на фустанот, го прашувам што мисли за тоа, така што неговото мислење секогаш ми значи, а посебно ми значи кога ќе ми каже дека изгледам одлично – рече Александра.

фото инстаграм/александра пријовиќ

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close