Кафе муабет

НИКОГАШ НЕ СТЕ ЈА ВИДЕЛЕ ВАКВА: Пријовиќ целосно го промени имиџот- фановите воодушевени од ова издание на пејачката

Велат дека одлично и прилега...

Пејачката Александра Пријовиќ важи за една од оние која не се променила многу од почетокот на кариерата и покрај неколкуте естетски корекции, сепак остана доследна и не направи драстична промена која би ја довела до непрепознатливост.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Неодамна поради потребите за снимање спот реши да стави атрактивни шишки кои и прилегаа фантастично, но сега следуваше уште една неочекувана трансформација.

фото Стори.рс

Имено, Прија решила да излезе од својата комфорна зона и објавила фотографија со познатата Боб-фризура. Иако сме навикнати да ја гледаме со долга коса, мора да признаеме дека оваа фризура одлично и прилега.

фото инстаграм/александра пријовиќ

„Дефинитивно си најубава вака“, „Убавица“, „Сè ти стои добро Прија“, „Секогаш како принцеза“, „Ти нема рамна“, „Изгледаш светски“, „Подготвена за црвениот тепих “, ова се само дел од реакциите на фановите на новиот имиџ на Прија.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Од почетокот на нејзината кариера, кога имаше само шеснаесет години има направено неколку естетски корекции.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Изгледот на Александра Пријовиќ се менуваше со годините, исто како и нејзината личност, па денес важи за една од најубавите жени на јавната сцена.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Од времето кога ја започна кариерата, таа го промени стилот, бојата на косата, стилот на шминкање и денес изгледа беспрекорно.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Инаку денес пејачката Александра Пријовиќ ужива во хармоничен брак со Филип Живојиновиќ, а нивната врска уште од самиот почеток ја заинтригира јавноста, па често се шпекулира и дека се разведуваат или дека има несогласувања меѓу нив.

фото инстаграм/александра пријовиќ

– Многу пати ме разведуваа. Само што почнавме да се забавуваме, пишуваа дека сме се свршиле, не знам уште колку пати, не ли беше доволно? – рече Александра во една прилика.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Деновиве повторно се шпекулираше за нивни несогласувања. Филип Живојиновиќ, кој со години работеше како угостител и продуцент реши да се посвети на режијата, па затоа вложи повеќе од милион евра во снимањето на филм во кој ќе има познати личности од светот на актерството, и токму кога сите мислеа дека ќе има место и за Александра, во медиумите се појавија информации дека новопечениот директор не ја земал во предвид својата сакана.

фото инстаграм/александра пријовиќ

За разлика од јавноста која овој потег на синот на Боба Живојиновиќ го доживеа како предавство на неговата сопруга, Александра не гледаше проблем во тоа.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Патувањето во актерските води во серијата „Убијците на татко ми“ за неа беше само патување, по што истакна дека повеќе нема да биде пред камерите, барем не како актерка.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

– Не бев за глума, но ме убедуваа. Беше прекрасно искуство, научив многу, но не би прифатила повеќе улоги бидејќи сум пејачка, а не актерка – изјави Пријовиќ, која се подготвува за голем концерт во Белград и затоа не би имала време да се занимава и со новиот проект на Филип.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Ако се земе предвид сето горенаведено, се констатира дека проблемите во бракот на Филип Живојиновиќ и Александра Пријовиќ овојпат и конкретно поради споменатата тема ќе изостанат и дека сопружниците исклучиво ќе се поддржуваат во новите професионални предизвици во наредниот период.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close