Кафе муабет
Не можам да ти го дадам тоа што ти треба: Рада Манојловиќ повторно сурово напуштена од Милан Станковиќ
Милан има тешко минато...
Детството на Милан Станковиќ не било воопшто лесно, а неговата поранешна љубов, пејачката Рада Манојловиќ, има многу разбирање за него.
Иако имаат недефиниран однос, некогаш се заедно, некогаш не, факт е дека тие двајца одлично се познаваат, почитуваат и разбираат.
Рада знае се низ што минал Милан во детството и токму поради таа причина не го обвинува што не е подготвен за семејство и брак и што се пронашол во црквата. Таткото на Милан бил убиен во затвор, а неговата мајка повторно се омажила и тоа за човек кој не му дал љубов или топлина, што оставило болни траги за целиот негов живот.
– Очувот на Милан не се интересираше за никој во куќата, не сакаше да работи. Подоцна му се слошило и бил врзан за кревет четири години. Не можеше да работи а лекот чинеше половина од мојата плата. Не се грижеше дали децата имаат што да јадат. Морав да работам, да пеглам и да чистам куќи. Милан страдаше затоа што немаше татко покрај себе, а очувот го малтретираше и тепаше – изјавила еднаш мајката на Милан, пренесува „Свет“.
Тој никогаш не кажа дали поради ова се колеба да создаде семејство, но своето мирно засолниште го најде во црквата и молитвите. Поминува многу време во манастирот каде целосно се придржува до подвижничкиот начин на живот, а Рада го разбира и го поддржува иако знае дека тие двајца би имале хармоничен брак затоа што пред се се пријатели и се разбираат многу добро.
Рада се смири со Харис
Иако веќе подолг период во медиумите се шпекулира за нивното раскинување, сепак Рада и Харис по се изгледа се согласуваат подобро од било кога.
Кружеа и гласини дека Рада се смирила со нејзиното поранешо момче, Милан Станковиќ но ниту еден од нив не се огласи по ваквите тврдења.
Сепак ако судиме по фотографиите кои осамнаа неодамна, пејачката двојка Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ всушност уживаат во својата идила.
Последните заеднички фотографии ги потврдија наодите на порталот „PulsOnline.rs“.
Имено, Рада и Харис заедно настапиле на приватна забава, а никогаш не биле поблиски.
– Често се гушкаа, љубовта се гледаше во нивните очи. Цело време се гледаа, си посветуваа песни… Никој не можеше да го тргне погледот од нив. Тие се убава и хармонична двојка – изјави за „PulsOnline.rs“ извор кој бил присутен на забавата.