Кафе муабет

Девојките лудуваат по него, но таа му го украде срцето: Синот на Драгана Мирковиќ ја шокираше пејачката со својата ненадејна одлука!

Реши да остане во Белград...

Синот на Драгана Мирковиќ, Марко Бијелиќ моментално е во емотивна врска со Анастасија во која како што се шушка во медиумите, многу се заљубил. Пејачката наводно е загрижена бидејќи Марко сака да се пресели.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Децата на Драгана Мирковиќ често предизвикуваат интерес во јавноста. Додека неодамна многу се пишуваше за нејзината ќерка Мануела, овој пат во центарот на вниманието е синот на пејачката Марко Бијелиќ.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Имено, Марко во Белград нашол девојка во која се заљубил и поради неа сака да го напушти домот, односно да се пресели од Австрија. Марко никогаш претходно не се разделил од семејството, па пејачката тука гледа причина за грижа.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

„Марко многу се заљуби. Со девојката бил прво на море во Хрватска, а потоа заедно заминале во Будва. Кога и испратил порака на Драгана дека нема да се враќа во Виена, таа доживеала голем шок. Марко и напишал дека ќе остане на море до крајот на август, а потоа ќе најде стан во Белград каде што ќе остане малку. Драгана се исплашила дека можеби нема да најде некое лошо друштво, а потоа синот и објаснил дека сето тоа е поради новата девојка со која многу добро се согласува. Тогаш и падна камен од срцето“, тврди изворот и додава:


„Драгана сè уште не ја запознала неговата девојка, па таа го замоли Марко што поскоро да ги види сите заедно, а тој и го ветил тоа. Деновиве би требало да се сретнат во Белград, а Драгана веќе дознала дека нејзината потенцијална снаа се вика Анастасија и дека е од добро семејство. И таа завршила факултет, исто како Марко, но сè уште не нашла работа. Треба да се разбере и Драгана, таа знае дека нејзиниот син е добра можност бидејќи потекнува од богато семејство и дека девојките го бркаат поради тоа, не само поради неговата убавина“, вели извор за „Папарацо“.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Инаку Марко има 22 години, сака добри автомобили, музика, љубител е на Формула 1, има исклучително високо образование и страстен вљубеник е во патувањата и излегувањата.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Иако до неодамна не беше експониран во јавноста и беше вистинска мистерија за припадниците на седмата сила, Марко полека излезе од таа сенка и покажа дел од неговата приватност а со се почестите објави на социјалните мрежи стави до знаење дека му се допаѓа популарноста.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Синот на Драгана Мирковиќ порасна во примерно младо момче кое образованието го става на прво место.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Иако го живее животот од соништата, Марко никогаш не го истакнува тоа, а единствен показател за луксуз се скапите автомобили на кои е голем љубител, па затоа најголем дел од објавите на неговиот Инстаграм се со скапи автомобили.

фото инстаграм/Марко Бјелиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close