Кафе муабет

Повторно се заедно: Емина и Мустафа ги изненадија фановите- споделија фотографија и објавија убави вести

Синот прослави роденден...

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се уште се топ тема во медиумите иако ставија крај на бракот во 2018 година.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Јавноста будно го следи секој детал од нивната врска, а сега поранешните сопружници изненадија многумина со своите постапки.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Имено, нивниот постар син Јаман наполни 14 години, а гордите мама и тато оваа среќна вест ја објавија на своите „Инстаграм“ профили и со идентична фотографија му го честитаа роденденот на синот.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Со ова почнаа шпекулации дека тие се помириле, а многумина би сакале популарната Емина повторно да ја видат во прегратките на Мустафа.

фото инстаграм/ Емина Јаховиќ

– На мојот син, мојата мотивација и инспирација. Мојата сила и моето сидро, мојата причина да верувам во љубов безусловно. Толку сум му благодарна на Бога што те донесе на мојот пат… Ти благодарам што си најдобриот поголем брат… за заштитата, грижата и љубовта – беа емотивните зборови што пејачката ги испрати до нејзиниот син , додека Мустафа ја сподели истата фотографија и напиша:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

– Колку и да растеш, твоите таленти, ум и харизма ќе се зголемат, созреваат и напредуваат за да станеш маж. Секогаш ќе останеш ваков во моето срце и до крајот на мојот живот. Среќен роденден драг синко, те сакам многу.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

Во интервју за Стори неодамна, Емина Јаховиќ откри како влијаат сите написи и чаршиските приказни, и откри се за нејзината комплицирана семејна ситуација.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Ова е мојата зрела фаза, искрено. Фаза на враќање кон себе, длабоко анализирање на сите односи. Семејни и пријателски. Научив многу – секој ден се трудам да бидам подобра личност, да им служам на луѓето, помагам, но исклучиво и само на оние кои ги чувствувам интуитивно и со моето срце. И моето срце никогаш не ме измамило. Фокусирана сум на градење внатрешен мир и стабилност без никакви очекувања од другите луѓе. А кога човек ќе се ослободи од очекувањата, доаѓа и среќата и задоволството. Зајакнав низ бурите, кои на моменти можеа да ме срушат, иако однадвор никогаш не изгледаше така. Сега кога разговарам со вас, можам да ви кажам дека сум горда на себе и тоа е мојата најголема победа. Едвај чекам да им овозможам на луѓето пристап до моите нови песни и целосно гола искреност, можеби за прв пат во мојот живот.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Вели дека децата секојдневно читаат и се запознаени со се што се пласира во медиумите за нивните родители…

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– За жал, не можам да ги заштитам. Тие се големи, читаат наслови и ги следат социјалните мрежи. Сè што треба да направиме е да знаеме кои сме во суштина, да знаат кој сум јас – се друго е неважно.
За спорот со Мустафа истакна дека продолжува и понатаму.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Продолжува и ќе продолжи… Во мојот случај се работи само за принципот што мора да се почитува и за одговорноста што мора да се преземе. Адвокатите си ја вршат работата, јас не се мешам.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Секогаш давам несебично и се што давам, добро се враќа, на овој или оној начин. Никогаш не сум навредила никого свесно, но сфатив дека треба да бидам опкружена со оние кои во секоја смисла ме заслужуваат, нема потреба да го истурам животот од празно на празно. Не го трошам времето живеејќи туѓи животи, не осудувам и ги сакам луѓето.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Неодамна ја запознав слободата и морам да признаам дека е бесценета. Долго време мислев дека во врските љубомората и забраните се доказ за љубов. Сега разбирам дека може вистински да те сака само некој кој ќе ти дозволи да леташ слободно, да се извишуваш и да уживаш гледајќи те во сета своја слава, а ти секогаш му се враќаш уште позаљубена.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close