Кафе муабет
ПРИСТИГНУВААТ ДВЕ БЕБИЊА – ГОЛЕМА ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА РОКВИЌ: Никола и Бојана по трет пат ќе станат родители, ЧЕСТИТИТКИ ПРИСТИГНУВААТ ОД СИТЕ СТРАНИ!
Голема радост во домот на пејачот...
Пејачот Никола Роквиќ и манекенката Бојана Баровиќ наскоро ќе го дочекаат своето трето дете.
По ќерката Леона и синот Симеон, на семејството Роквиќ ќе му се придружи уште еден член, а интересно е и тоа што помладиот брат на Никола, Марко пред само неколку дена сподели убава вест со јавноста, кога откри дека тој и неговата избраничка Сара очекуваат уште едно дете!
По синот Деспот, Марко и Сара ќе добијат девојче, а се уште не се знае каков пол ќе биде третото дете на Никола и Бојана.
Марко и Сара не можеа да ја сокријат среќата откако дознаа дека Деспот ќе добие сестра, па со јавноста споделија видео од радосниот момент, а Сара откри дека големата желба им се исполнила:
View this post on Instagram
– Кога беше Деспот во утробата сакавме момче со црни очи и тоа дојде кај нас, сега посакавме девојче и розовата боја се рашири по небото и во нашите срца. Покрај првата најважна вест дека бременоста е во ред и дека се е во ред со бебињата, ова се неколку убави споредни работи кои сакавме да ги споделиме со вас бидејќи со години сме тука со вас – напиша Сара во описот на видеото каде е овековечен моментот кога семејството ја дознава добрата вест.
Никола Роквиќ радосната вест дека неговиот брат ќе стане татко ја дочека со солзи радосници.
Никола Роквиќ, кој е прекрасен чичко на синот на Марко, со радост ја прими радосната вест, а се радуваше и целото семејство кое нетрпеливо чека да го слушне плачот на новороденчето кое ќе донесе нова радост во нивните домови.
Но покрај тоа и тој и Бојана го очекуваат своето трето дете, па во семејството ќе има двојна прослава.
Инаку пејачот Никола Роквиќ неодамна ја шокираше целата јавност, кога призна дека има голема желба да се замонаши.
Неговата сопруга Бојана Баровиќ го поддржа во таквата одлука, што е показател колку е цврст нивниот брак.
Како гостин на Марина Рајевиќ -Савиќ во емисијата „Додека спијат ангелите“, Никола искрено проговори за тоа колку му е важна верата.
Роквиќ објасни и колку вербата во Бог му помогнала во еден од најтешките моменти во неговиот живот, кога тој и Бојана размислувале да се разведат:
– Пет години живееме на релација Србија-Америка. Трпеше мојата работа овде, нејзината таму, па имаше кавги во врската. Рековме во еден момент дека ќе се разделиме. Ми беше тешко, а се мачевме многу.
Потоа повторно ми се појави тоа чувство на убавина. После сфатив дека тоа е благодет. Внатрешен глас ми рече да продолжам да го читам Новиот завет. Го отворив Евангелието по Лука, раѓањето на свети Јован Крстител во Белград. Ја најдов на Централните гробишта. Одам таму и таму е наметката на Света Петка. Два петока отидов да пеам со луѓе во црква. Се молев пред иконата на Света Петка и Свети Јован Бог да не спои мене и Бојана, да ја немаме повеќе таа дистанца – искрено изјави Никола и откри засега непознати детали.
-Не знам зошто тогаш реков: „Боже, би сакал Бојана да е трудна, да се собереме на едно место и повеќе да не се разделуваме“. Во еден момент реков дека Бог постои само ако Бојана е бремена. Таа подоцна доаѓа од Америка и ми дава подарок. Додека го земав, под подарокот ми подаде рака и тест за бременост. Тогаш бев шокиран! Не можев да кажам ни збор. Значи, Господ постои, а од друга страна ми се исполни големата желба. После неколку дена Бојана ми кажува дека сонувала жена во црно, дека дошла да и каже да не се грижи и дека се ќе биде во ред. Тогаш и кажав дека е Света Петка. Леона подоцна ни се роди на денот на Света Петка Трнова, а ја крстевме на Света Петка Српска – рече Никола.