Кафе муабет

Беше мис Југославија, растела во сиромашно семејство, денес има живот како од бајка: Јелена Бин Драи прозборе за бракот со шеикот од Дубаи, откри како успеала да му го освои срцето!

Тие се во среќен брак и имаат четири деца...

Животната приказна на поранешната мис на Југославија, Јелена Јаковљевиќ сега Бин Драи денеска изгледа како од бајките но не секогаш било така.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

Моментално е во брак со богатиот шеик Саид Бин Драи, а беше прогласена и за една од најбогатите Србинки.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

Сега таа живее во луксуз и гламур, додека нејзиниот претходен живот не беше ни блиску до тоа. Родена е во Жабаљ, во близина на Нови Сад. Својата популарност ја стекна во 1998 година, кога беше прогласена за мис на Југославија, за мис на фотогеничност и за мис на Интернет. Таа на еден избор за убавина успеа да освои дури три титули од можни пет.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

Јелена не крие дека нејзиното семејство било многу сиромашно, а само татко и ја придружувал и ја поддржувал на настанот, бидејќи немале доволно пари да обезбедат билети за нејзината мајка и брат.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

“Се сеќавам како да беше вчера. Само татко ми беше таму кога бев на сцената. Мајка ми и брат ми мораа да останат во фоајето на хотелот, пред вратата на салата. Во тој момент имавме само 100 Германски марки на нашата сметка, што беше доволно за само еден билет“, откри Јелена.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

„Бев решена да победам, но кога ме прогласија за мис Интернет и за мис фотогеничност, мислев дека тоа е тоа, изгубив секаква надеж, не ми падна на памет дека можам да бидам првата мис во историјата на нашата земја што победила и земала три титули во едно натпреварување. Тогаш не плачев затоа што успеав да го постигнам тоа, плачев затоа што ги видов мајка ми и брат ми од сцената како се обидуваат да ѕирнат низ вратата на салата за да го видат барем моето крунисување. Тоа ми го скрши срцето“, објасни таа.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

Набрзо почнале да и се отвораат многу врати, а добила и многу ангажмани. Поради работа извесен период живеела во Италија, по што се преселила во Дубаи.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

Koга пристигнала во Дубаи не ни помислувала дека нејзиниот живот сосема ќе се промени и дека ќе ја запознае љубовта на нејзиниот живот.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

Таму го запознала својот сопруг, шеикот Саид Бин Драи. Јелена во тој момент беше прогласена за најубава млада дама, но и покрај овој факт, шеикот не и обрна внимание. На прв поглед не му се допадна.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

“На првиот состанок тој воопшто не ми обрнуваше внимание. Тогаш имав само четириесет и осум килограми и затоа изгледав испиено. Тој, како и секој Арап, сака “расни” жени, со изразени облини. Го заинтригирав само кога почнавме да се забавуваме и комуницираме“, изјави Јелена во едно интервју пред неколку години.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

Таа откри дека Саид и неговото семејство не биле со конзервативни ставови и дека веднаш ја прифатиле без никакви предрасуди. Религиската разлика исто така не била проблем за него и неговото семејство.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

“Саид е од мешан брак. На денот кога татко му се оженил со Англичанка, тој ги прекршил правилата, но тоа многу ја поедностави нашата ситуација многу години подоцна. Неговото семејство многу добро ме прифати. Ме третираат како да сум една од нив не прават разлика помеѓу мојата религија и неговата. Иако меѓу Арапите не е вообичаено млад човек и млада жена да живеат заедно, јас и Саид не се двоумевме да го сториме тоа. Заедничкиот живот го започнавме по само две недели врска “, изјави Јелена.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

Круна на нивната голема љубов се нивните деца. Двојката ја има ќерката Асија и синовите Хилал, Хамдан и Рашид.

фото инстаграм/Јелена Бин Драи

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close