Кафе муабет
ВРЕМЕ Е ДА КАЖАМ СЕ ШТО МИ ЛЕЖИ НА ДУША: Девојката на братот на Ѓоковиќ прозборе за односот со Јелена- откри се за јатрвата!
Тие се во добри односи...
Врската меѓу Јелена Ѓоковиќ и Сашка Веселинов ги заинтригира медиумите уште од самиот почеток.
Откако се дозна дека водителката и модел Сашка Веселинов го освои срцето на Ѓорѓе Ѓоковиќ, братот на најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ, шпекулациите не престануваат.
Многумина шпекулираа како новата снаа на Ѓоковиќ се вклопила во семејството и каков е односот меѓу Јелена Ѓоковиќ и Сашка Веселинов. Заносната русокоса сега реши да открие се.
– Не може да ме погодат приказните за нашиот конфликт бидејќи навистина имаме добри односи. Одиме и на патување сите заедно и со децата. Ги обожавам нивните деца и тие ме обожаваат мене. Штом се запознавме, некако кликнавме и сме вистински пријатели. На една неодамнешна прослава го грабнавме микрофонот затоа што сите пред нас го направија тоа и јас реков: „To mi nije trebalo. Знаеш, знам, добро, ќе го направиме тоа“. Значи, навистина имаме одличен однос, вели Сашка за Телеграф.рс.
Сашка откри и дека почнала да живее заедно со Ѓоковиќ.
– По еден месец врска се вселивме во заеднички стан, па немаше криење, но што се однесува до медиумите, немаше потреба да се експонираме. Верувам дека кога некој премногу ја покажува својата врска, кога пишува цитати и ја изразува својата љубов на социјалните мрежи, не е тоа,тоа. Не ми треба такво нешто, затоа што љубовта ја живеам дома. Значи, додека не не фативте, не знаевте.
Дизајнираше модел на костим за капење…
Неодамна пак убавата водителка на социјалните мрежи сподели фотографија и изненади многумина.
Сите следбеници беа во шок кога ја видоа фотографијата во сино бикини, но сите се прашуваа само едно.
Бремена ли е Сашка Веселинов? Социјалните мрежи буквално се блокираа, откако девојката на Ѓорѓе Ѓоковиќ објави фотографија во костим за капење, на која пишува „It’s a boy“.
И додека некои се прашуваа што ќе каже баба Дијана, дека веста ја дознава од социјалните мрежи, а не од идната снаа, имаше и помудри кои препознаа маркетиншки трик во гестот на идната снаа на семејството Ѓоковиќ.
Имено, Сашка Веселинов се испроба во дизајнирање и лансираше линија на атрактивни костими за капење. Меѓу другото, таа креирала и костими за невести, деверици и идни мајки.
Сашка стана присутна во медиумите како девојка на Ѓорѓе Ѓоковиќ и привлече големо внимание, јасно беше дека позирајќи во костим за капење најавувајќи го доаѓањето на наследникот, може да ги разбранува мрежите и медиумите и на тој начин да ја претстави својата колекција на најдобар можен начин.
Бидејќи целото семејство Ѓоковиќ ја запозна избраничката на Ѓорѓе, многумина се прашуваа дали наскоро ќе ја официјализираат врската.
Братот на Новак и неговата девојка се запознале преку заеднички пријатели и живеат заедно во луксузна населба во Белград.