Кафе муабет
Цврсто застана на нозе: Николина Пишек воодушеви со оваа промена- реши да се посвети на себе, изненади многумина со оваа фотографија
Реши да го остави минатото зад себе...
Николина Ристовиќ- Пишек во последните месеци се најде во центарот на вниманието на начин на кој веројатно не би му посакале ниту на непријател.
Прво ненадејно почина нејзиниот сопруг Видоје, а потоа речиси секојдневно трпеше напади од свекорот Виктор Ристовиќ, познат по прекарот Миша Гроф, кој постојано ја ставаше на тапет во српските медиуми.
Јасно е дека тоа не беше лесен период за неа. Сепак, нејзините фанови и следбеници на Инстаграм со задоволство гледаат како водителката полека но сигурно повторно застанува на нозе и станува старата Николина.
Од неодамна таа почна почесто да се појавува на Инстаграм и да споделува моменти од приватниот живот, а на последните фотографии изгледа подобро од било кога.
Посебно внимание привлече со фотографијата што ја објави неодамна, а на која позира во огнено црвен фустан.
Заедно со фотографијата ги објави и значајните зборови на Ѓорѓе Балашевиќ.„Деновиве, сите ми велат дека изгледам некако уморно, но знаете дека со мене сè е збркано, како инсталации во руски пасијанс, и дека ретко го покажувам она што го чувствувам, по ѓаволите…“ напиша Николина.
По враќањето од Белград, Николина сподели уште неколку фотографии каде позираше на улица облечена во темно зелен фустан до половина кој ја истакна нејзината витка фигура, а на рамо стави црвена чанта со долги реси. На нозете носеше нежно жолти сандали.
Во описот на фотографијата таа го цитираше Меша Селимовиќ.
„Треба да се убие минатото со секој изминат ден. Избриши го да не боли. Полесно би се поднесувал денот што трае, не би се мерeл со она што повеќе не постои. Така се мешаат привиденијата и животот, па нема ниту чисто сеќавање, ниту чист живот“, стои во цитатот под кој таа го додала својот коментар.
„И знам дека можам и ќе го направам. Дури и на ова место кое најмногу боли“, напиша таа.
Јасно е дека Николина има многу убави, но сега тешки и болни спомени од животот со сопругот Видоје, каде што живееле во зграда во населбата Врачар.
Да потсетиме, Николина Пишек пред девет години, откако се омажи за Видоје Ристовиќ, историчар на уметност, целосно му се посвети на семејството.
Таа со години не работи како водителка, а сега наводно сака да и се врати на професијата откако остана без нејзиниот сопруг.
Пишек активно бара работа на телевизија, а преговорите за една позиција на малите екрани се во тек, што многу ја радува.