Кафе муабет
Најубавата фотографија која ќе ја видите денес: Ноле и неговиот наследник уживаат во одморот- цела Црна Гора зборува за нив!
Таткото и синот се забавуваат...
По завршувањето на натпреварите, Новак и Стефан Ѓоковиќ се упатија на заслужен одмор кон Јадранот.
Ним им се придружи женскиот дел од семејството, мајката Јелена и сестрата Тара, па заедно уживаат во благодетите на морето.
Тенисерот и неговата сопруга избраа ова лето целосно да се прилагодат во однос на содржината и сместувањето на своите малечки, со што спортистот уште еднаш стана кандидат за најдобар татко на светот.
Дека тоа е така најдобар доказ се фотографиите кои покажуваат дека Новак не ги испушта од вид додека се на одмор во Црна Гора. Им дозволува сè, дури и кога ќе претераат со сладолед, тој е тука да ги брани од нивната мајка, при учењето на новата боречка вештина Капуера се погрижи да вежбаат заедно.
Папарацо фотографите снимија прекрасен момент од таткото и синот, како се возат на скутер и не се оптоваруваат со фактот дека отишле многу подалеку од брегот отколку што е дозволено.
Летната авантура и одморот на Новак и Стефан Ѓоковиќ е при крај, на двајцата им претстојат напорни тренинзи, па се трудат што повеќе да уживаат.
Инаку деновиве Новак е во центарот на вниманието и поради односот помеѓу неговата мајка Дијана и сопругата Јелена. На големо се пишува дека конечно ги средиле одноите и тоа се во интерес на Новак.
Се зборуваше и пишуваше дека Јелена и Дијана воопшто не се сакаат, делумно поради располагањето со парите на Ноле, делумно поради тоа што не живеат во ист град, а во голем дел поради децата на Јелена и Новак, кои Дијана и нејзиниот сопруг Срѓан би сакале да ги гледаат повеќе.
И така ден по ден, недела по недела, месец по месец секогаш имаше нов напис за врската меѓу Јелена и Дијана Ѓоковиќ, која само ги подгреваше приказните со нивните постапки.
Тие ретко се појавуваа заедно, речиси никогаш не си правеа друштво, дури ни во тениската ложа, а интересно е што никогаш не ги ни демантираат наводите дека не се согласуваат.
Помирувањето на Јелена и Дијана Ѓоковиќ или барем реакцијата на медиумското покажување со прст кон нивната врска се чекаше со години, но дури неодамна стигна одговор на тоа прашање.
Имено, свекрвата и снаата се појавија заедно на јавен настан во Црна Гора, каде што присуствуваше и Ноле со остатокот од неговото многудетно семејство, а токму на тоа место, како што тврдат порталите, дошло до помирување меѓу Јелена и Дијана Ѓоковиќ, што е снимено на фотографија која подоцна тенисерот ја сподели на социјалните мрежи.
На неа спортистот во прегратка ги држи двете омилени дами кои поради сложените настани и очигледните околности не ја тргнаа насмевката од лицата, дури избраа слични аутфити, исти комбинации на бои за оваа пригода. Очигледно е дека поради новонастанатата ситуација на сите во семејството им падна камен од срце, а најмногу на Јелена и Дијана.