Кафе муабет
Се омажи убавата Македонка која го освои регионот во „Ѕвездите на Гранд“- му запеа на увце на љубениот, се беше како од бајките
Мими Јовановска се омажи со својот избраник...
Младата македонска пејачка Мими Јовановска започна да го освојува регионот со учеството во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Шармантната велешанка Мими Јовановска го освои целиот Балкан со својот извонреден глас, но и изглед таа ги освои публиката и жирито уште на првиот нејзин настап, а најмногу нејзиниот ментор Џенан Лончаревиќ.
„Таа има се што и е потребно на една пејачка. Има добар фалсет, добра динамика“, изјави тој во една пригода за неприкосновениот талент на Мими.
Од жирито добиваше само пофални зборови. Сите беа воодушевени од нејзиниот глас и не го криеја тоа.
Она што можеби малкумина го знаеја е тоа дека во „Ѕвездите на Гранд“ ја пријавила нејзината мајка.
Во неколку наврати младата пејачка истакна дека нејзиното семејство е нејзина најголема поддршка во кариерата.
Освен талентот, Мими ја наследила и убавината од својата мајка, а тоа може да се забележи од фотографиите кои пејачката ги споделува на социјалните мрежи.
Нејзината мајка и помладиот брат живеат во странство, па Мими е најсреќа кога тие се враќаат во Македонија.
Освен најблиското семејство, голема поддршка на пејачката во кариерата ѝ е нејзиното момче Филип.
„Секогаш ми е поддршка, ми укажува на моите грешки при настапот и се труди да ме мотивира“, изјави таа за медиумите.
– Секој треба да го даде тоа што го има. Јас мислам дека Господ ми дал глас и треба тој да го дадам на публиката и не би сакала да “успеам” на тој начин со разголување, сепак да се вратиме на старите вредности, дека квалитетот на тоа што го работиш треба да е пресуден, а не изгледот и убавината, изјави пејачката.
Минатата година во август Мими сподели убави вести и соопшти дека му кажала да на своето момче, музичарот Филип Нунески, а вчера парот се заколна на вечна љубов пред Бога во црквата Свети Димитрија во срцето на Старата скопска чаршија.
Имено Мими и Филип направија голема свадбена веселба во еден познат скопски ресторан а на веселбата запеа и самата таа.
Атмосферата ја вжешти и оркестарот на Џамбо Агушев а присутните гости не ја тргнаа насмевката од лицето.
Мими и Филип за првиот танц избраа нивна песна, а овој емотивен момент никого не остави рамнодушен.
Честитки се редеа на социјалните мрежи а нема сомнеж дека Мими и Филип направиле свадба како од бајките ако се суди по фотографиите.
Во продолжение уште неколку фотографии од свадбената веселба на убавиот музички пар…